Кои се новите членови на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје?
Бојан Стојаноски – (надлежен за областа Корпоративно банкарство) е банкарски експерт со над 20 години искуство на високо раководни позиции во банкарскиот сектор, во областа на корпоративното банкарство, управување со ризици, кредитирање, финансиски менаџмент и управување со средства. Во НЛБ Банка Скопје доаѓа од Стопанска банка АД Скопје, каде што од 2020 година е член […]
ИНФЛАЦИЈА ОД 2,2 ОТСТО И РАСТ ОД 2,4 ОТСТО, грчките пратеници го изгласаа буџетот за 2026 година
Со 159 гласа „за“, од кои 156 од владејачката Нова демократија и три од независни пратеници, грчкиот Парламент вечерва го изгласа буџетот за 2026 година со што и заврши петдневната расправа што започна во петокот, а гласањето, традиционално во Грција се смета како глас за доверба на актуелната Влада, јави дописничката на МИА од Атина. […]
На 19 декември конференција за ИКТ Стратегијата СМАРТ/МК 2030
Голем промотивен настан под наслов: „Трансформирање на иднината: Дигитална стратегија за современо општество“ ќе се одржи во петок, 19.12.2025 година, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во програмата на Македонско радио – Радио Скопје, Министерот појасни дека стратегијата се базира на четири столба, а целта на конференцијата е да се разјаснат приоритетите, институционалните обврски […]
ОКТА донираше фотоволтаични системи во три државни училишта
Во Државното средно училиште со ресурсен центар „Наум Охридски“ во Скопје, со поддршка на компанијата ОКТА, е поставен фотоволтаичен систем кој ќе обезбеди значителни заштеди на финансиски средства во иднина, соопшти Министерството за образование и наука. Училиштето денеска го посетила министерката Весна Јаневска која, како што информира МОН, истакнала дека МОН и другите институции и […]
Одложен изборот на најдобрите спортисти за 2025
Министерството за спорт информира дека манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти за 2025 година“, која беше планирана да се одржи утре се одложува. Причината е доставувањето на дополнителни спортски остварувања во текот на декември. – Ве информираме дека манифестацијата Избор на најдобрите спортисти за 2025 година кој што требаше да се одржи на 18 декември 2025 […]
Камповите за мигранти во Албанија ќе работат според планот, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони
Италијанската премиерка Џорџа Мелони останува убедена, и покрај законските пречки, дека мигрантските кампови во Албанија, промовирани од нејзината десничарска влада, ќе работат според планот. „Се оди точно како што отсекогаш ви велев: центрите во Албанија ќе функционираат“, им рече Мелони на поддржувачите на настанот на нејзината партија „Браќата на Италија”, денеска во Рим, објави албанската […]
Сончево до крајот на седмицата
До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 […]
Во Скопје започнува новогодишната програма со отворање на Божиќниот маркет
Со свечено осветлување на новогодишната елка и отворање на Божиќниот маркет вечерва во 18 часот на плоштадот Македонија, официјално започнува празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. Како што истакна градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, целта е главниот град да се позиционира како современа европска метропола со континуирана […]
Започна скопската „Новогодишна зимска бајка“, за украсување на градот 70.000 евра
Во присуство на многу деца со нивните родители, граѓани на Скопје и гости од целата држава вечерва на плоштад „Македонија“ свечено беше осветлена новогодишната елка и отворен Божиќниот маркет, со што официјално започна празничната програма „Скопје – новогодишна зимска бајка“, која ќе трае до 31 декември. На настанот, пред палењето на светилките на елката кое […]
Од денеска нова авиолинија од Скопје до Прага на „Визер“
На Меѓународниот аеродром Скопје денеска официјално ќе биде промовиран првиот лет од Скопје до Прага на авиокомпанијата „Визер“ со што оваа компанија на листата на летови од скопскиот аеродром додава уште една дестинација. Новата авиолинија уште во јули ја најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски објавувајќи дека е потпишан договор за пет нови […]