Ставрески: Општина Охрид треба максимално да ги искористи природните и историските ресурси со кои располага на својата територија

– Унапредување и зголемување на надлежностите на општините.– Овозможување на градоначалникот да состави тим од видни личности кои се докажани во своите области (финансии, урбанизам, туризам…).– Донесување закон со кој ќе се ограничи бројот на вработените во општинските администрации според бројот на жители.– Намалување на бројот на јавните претпријатија со присоединување на оние претпријатија кои […]

ДВОЈНА ОСИГУРЕНА СУМА – Затоа што сигурноста на Вашите најблиски е наша основна цел

Осигурувањето на живот е современ начин на обезбедување сигурност за Вас и Вашите најблиски. Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента е тоа што го разликува осигурувањето на живот од другите финансиски производи. Практично, при самото склучување на договорот, осигурителната компанија Ви гарантира исплата на осигурена сума во случај на смрт, или пак исплата на сума […]

НЛБ Банка повторно со поддршка на микро и малите претпријатија преку проектот НЛБ Рамка за помош

НЛБ Банка оваа година, по вторпат го спроведува проектот НЛБ Рамка за помош, согласно позитивното искуство од минатата година, а со цел поддршка на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од Ковид кризатa. Станува збор за иницијатива која веќе имаше своја успешна реализација во текот на минатата година, а која е всушност […]

Олеснување на вложувањето во хартии од вредност во странство

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше усвоена Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за начинот и условите под кои резидентите коишто не се овластени банки, можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Со донесените измени и дополнувања се прошируваат можностите за отворање и имање сметка во странство од […]

Хилберс од ММФ: Мерките и одлуките на Народната банка придонесоа за помали последици од пандемијата врз македонската економија

Состанок на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска со извршниот директор на Конституенцата во ММФ, Пол Хилберс Навремените и соодветни мерки и одлуки на централната банка во доменот на монетарната политика и финансискиот сектор придонесоа за намалување на последиците од кризата врз македонската економија и за одржување на финансиската стабилност. Ова меѓу другото беше истакнато […]

Пролетни средби: Состанок на гувернерката на Народната банка со директорот на Одделот за Европа на ММФ

Пандемијата ја нагласи потребата од силни и независни централни банки коишто ќе овозможат поддршка при управувањето со кризата, во рамките на своите надлежности. Затоа е особено важно понатамошното унапредување на правната рамка за Народната банка, што ќе овозможи целосна независност, како предуслов за натамошно успешно остварување на нејзините цели. За ова, меѓу другото, беше разговарано […]

Азески: Светот, сепак, не почнал од нас

Како потсетување на четиригодишнината од објавувањето на мојата најпозната книга „Економската историја од антиката до Втората светска војна“ го користам просторот да го реобјавам нејзиниот воведен дел. Сметам дека економската историја ни е потребна да нè мотивира да ги издржиме овие тешки денови за светската економија и да сфатиме дека бизнисот проживеал многу поголеми кризи […]

Филипс го продава бизнисот со апарати за домаќинство за 3,7 милијарди евра

Најголемата мултинационална компанија за електрична опрема од Холандија Филипс (Koninklijke Philips N.V.) ќе го продаде својот бизнис со апарати за домаќинство на кинеската компанија Хилхаус капитал (Hillhouse Capital Group) во договор вреден 3,7 милијарди евра (4,4 милијарди долари), пренесе извршниот директор Франс ван Хаутен, посочувајќи дека се работи за продолжување на политиката на фокус на […]

Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови ‒ се задржува релаксирачкиот карактер

Одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка На 13 април 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. По намалувањето […]

Пандемијата ја зголеми вредноста на Нетфликс за 85 милијарди долари

Пандемијата силно ги погоди различните пазарни сегменти во надолна линија, но некои индустрии добија дополнителен импулс предизвикан од бројните рестриктивни мерки. Објавата на официјалните податоци за последниот квартал од минатата година покажуваат дека гигантот за стриминг во 2020 година ја зголемил својата претплатничка база за безмалку 37 милиони претплатници, надминувајќи ја со тоа бројката од […]