Пад на барањата за азил во ЕУ

Бројот на барања за азил во Европската Унија, како и во Норвешка и Швајцарија, минатата година повторно нагло опадна, покажаа податоците објавени денеска. Вкупно околу 822.000 барања биле регистрирани во 27-те земји-членки на ЕУ и двете партнерски земји, што претставува пад од 19 отсто во споредба со 2024 година, се наведува во извештајот на Агенцијата […]

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места

Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата. Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни […]

ОД ВИНАРНИЦА ДО ДЕСТИНАЦИЈА | Винскиот туризам носи поголема додадена вредност

КАКВА Е ИДНИНАТА НА ВИНСКИОТ ТУРИЗАМ? Развојот на винскиот туризам претставува значаен потенцијал за локалната економија. Малите семејни винарници имаат клучна улога во овој процес, бидејќи токму нивната автентичност, гостопримливост и уникатни локални сорти создаваат искуство што туристите го паметат. За да се постигне одржлив раст, потребно е да се инвестира во градење на капацитетите […]

ОД ВИНАРНИЦА ДО ДЕСТИНАЦИЈА | Лепушек: Малите винарници да градат и да промовираат автентична винска приказна

Какво е значењето и кои беа клучните чекори во развојот на винскиот туризам во Словенија? − Во Словенија има 2 500 мали винарници кои, на комерцијална основа, се занимаваат со производство на вино. Словенечките мали винарници се ориентирани на продажба на флаширано вино и тоа се прави со промоција со индивидуални контакти и препораки. Заедно […]

БРИТАНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА СЕ „НАЈПОГОДЕНИ“ ОД НАПАДИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, британците се загрижени за падот на фунтата и од високите цени на гасот

Цените на гасот во Велика Британија се зголемија за 93 проценти од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. Како што објави Скај њуз, цените на гасот денес се зголемија за 32 проценти околу 0,06 евра за kWh, вредност што не е забележана од февруари 2023 година. Доколку овие високи цени се одржат, британските домаќинства наскоро […]

ИНТЕРВЈУ | Фетаи: Незаконски стекнатиот капитал влегува во легалните текови и ги нарушува условите за фер бизнис

Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот во февруари ја одржа конститутивната седница со што официјално започна со работа највисокото координациско тело задолжено за следење и за унапредување на институциите кои спроведуваат финансиски истраги и конфискација на имот. Со Советот претседава заменик на претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, со […]

ПОДГОТОВКИ ЗА СИНДИЦИРАН КРЕДИТ ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА, министерката Димитриеска-Кочоска е децидна дека во буџетот за 2026 година беше јасно предвидено колкаво ќе биде задолжувањето во странство

Синдициран заем, што го одобрува поголема група банки, најверојатно ќе биде кредитот од 300 милиони евра што го најави Владата. Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, веќе се во тек преговорите со банките и се чекаат понудите, а ќе биде земено она што најмногу ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за […]

Јаневски на Копаоник бизнис форум: Победуваат оние што настапуваат организирано на пазарот, инвестираат и имаат јасна стратегија

Организиран настап на пазарот, јасна стратегија за иднината и континуирани инвестиции во примарното производство се клучните предуслови за одржлив раст и конкурентност на винската индустрија во регионот. Ова се клучните пораки од претседателот на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Светозар Јаневски, на годинешното издание на Копаоник бизнис форум, еден од врвните економски настани во […]

НАПАДНАТИ НАЈВАЖНИТЕ НАФТЕНИ ПОСТРОЈКИ ВО САУДИСКА АРАБИЈА, цената на нафтата би можела да достигне дури 100 долари до крајот на неделата

Иран започнал напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Според првите извештаи, дронови „Шахед“ го нападнаа објектот „Арамко“ во Рас Танура, локација за која се вели дека е еден од најголемите нафтени центри во светот. Рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ престана да работи, објавува „Скај њуз Арабија“. Работниците во фабриките на „Арамко“ ги напуштаат постројките […]

Општините во фокус: Перински повика на партнерска соработка преку Ресурсниот центар

Во организација на Министерството за локална самоуправа денес се одржа практична работилница на тема: „Презентација на постапката за поднесување барање за поддршка од општините во рамки на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините“. Работилницата беше наменета за претставници на општинската администрација, со цел нивно практично запознавање со дигиталната алатка, процедурите за поднесување барање […]