Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови

На 11 мај 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да се задржи на нивото од 1,25%, […]

Георгиески: Охрид е најголемото туристичко богатство на нашава земја

Погледнато во еден подолг временски период, кој ја надминува рамката на еден градоначалнички мандат, кои се областите во кои Општина Охрид остварува континуиран напредок во своето работење? К. Георгиески: Општината треба постојано да биде во функција на граѓаните. Сите знаеме дека обезбедувањето квалитетна инфраструктура е секогаш основен приоритет, па затоа јас како градоначалник и оваа […]

Буџетот на општина Охрид
Движења, трендови, показатели

Во делот на проектот „Мојата општина – финансии, развој, долгорочна одржливост“ којшто се однесува на анализата на буџетот на поодделните општини, ги користиме податоците за 2019 година. Причина за тоа е специфичноста на 2020 година, заради пандемијата со Ковид-19 вирусот и нејзиното влијание врз финансиите на локалните управи во земјата. Користењето на податоци што се […]

Како до подобри услуги за жителите на Општина Охрид? Можности, ограничувања, предизвици…

Членовите на советите на општините се одлучувачки фактор за начинот на функционирање на општините. Оттука на членовите на Советот им го поставивме следново прашање: Како до подобри услуги за жителите на Општина Охрид? Можности, ограничувања, предизвици… На следниот линк се нивните одговори. (Економија и бизнис, печатено издание, април 2021г.)(дел од проектот „МОЈАТА ОПШТИНА – ФИНАНСИИ, […]

Што треба да прави Општина Охрид за подобра бизнис-клима и побрз раст на локалната економија?

За развојот на општините и долгорочната одржливост на тoj развој неопходно е да се слушнат мислењата на претставниците на бизнис-заедницата. На следниот линк го презентираме нивното размислување за тоа што треба да прави Општина Kочани за подобра бизнис-клима и побрз раст на локалната економија. (Економија и бизнис, печатено издание, април 2021г.)(дел од проектот „МОЈАТА ОПШТИНА […]

НЛБ Банка по петтипат ја доби наградата за најдобра Банка на Europe Banking Awards

НЛБ Банка АД Скопје на годинешните Europe Banking Awards за 2020 година ја доби петтата награда по ред за Најдобра банка во земјата од финансискиот магазин ЕМЕА. Europe Banking Awards веќе тринаесет години ги препознава и наградува достигнувањата на банките во регионот, а организатор на овие награди е ЕМЕА – реномираниот финансиски магазин чија уредничка […]

„Фич“: Кредибилната политика на Народната банка резултира со ниска инфлација и финансиска стабилност

Македонската економија се карактеризира со ниска инфлација и финансиска стабилност како резултат на водењето кредибилна финансиска и макроекономска политика, конзистентни со стратегијата на стабилен курс на денарот во однос на еврото. Денарот е стабилен и на долг рок нема фактори коишто би влијаеле на нарушување на неговата стабилност. Банкарскиот сектор има силна основа и покажа […]

ТРИ Б – Битиќи, Бесими и Бектеши го пресекоа гордиевиот јазол на бизнисот

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот! Да не избиеше кризата со коронавирусот, готово сигурно беше дека Комората ќе организираше комеморативен собир на 10-годишнината од поднесувањето на првата иницијатива за формирање на холдинг друштва во Северна Македонија. Тоа ќе беше пародија на изгубеното време, на изгубениот профит и […]

Мицковски: Неуспехот на Супер лигата не значи дека фудбалот е спасен

Првата фудбалска сецесионистичка војна заврши во рок од 48 часа со срамен пораз за 12-те клубови еретици. Елитните клубови ги изгубија натпреварот и образот, но проблемите во фудбалската индустрија и нејзините регулаторни тела како УЕФА и ФИФА остануваат нерешени. Пандемијата ја турна на колена фудбалската индустрија која и пред тоа пливаше во опасни економски и […]

Порше ќе отвора фабрика за батерии за електрични возила во Германија

Луксузната единица за спортски автомобили на Фолксваген (Volkswagen Group) − Порше (Porsche AG) го засилува фокусот кон погонот за електронска мобилност преку плановите за отворање фабрика за производство на ќелии на батерии за електрични возила во јужниот дел на Германија. Европските производители на автомобили, кои главно се потпираат на доставувачите на батерии од Азија, бараат […]