Азески потпиша две важни спогодби со турскиот и грчкиот колега

Ставање во функција на Турско-Македонски трговско-индустриски форум и Агенда за отворање нови перспективи во насока на зголемување на бизнис соработката со Грција, се прво најавените активности со кои ќе започне продлабочувањето на бизнис соработката со Република Турција и Република Грција по потпишување на Меморандумите за соработка од страна на претседателот на Стопанската комора на Северна […]

НЛБ Банка генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија

НЛБ Банка АД Скопје на денешната конференција за печат го објави своето ново едногодишно спонзорство со Одбојкарската федерација на Македонија која во моментов е во подготовки за учество на Европското првенство во одбојка – мажи 2021. Со овој договор НЛБ Банка станува Генерален спонзор на сениорската машка репрезентација на Македонија на претстојното Европско првенство. НЛБ […]

Поставеноста на монетарната политика е оценета како соодветна на макроекономските услови

На 15 јуни 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше одлучено основната каматна стапка да остане непроменета, на нивото од […]

Карактеристики и потенцијал на криптовалутите – со посебен осврт на биткоинот

Во првите неколку месеци од 2021 година, како и во изминатава година, целокупната светска и домашна јавност е сведок на вртоглавиот раст на цените на најголемите криптовалути во однос на нивната пазарна капитализација. Најстарата и најпопуларната криптовалута биткоин (Bitcoin) во 2020 година достигна раст од 600 %, a само од почетокот на оваа година нејзината […]

Гувернерката на Народната банка учествуваше на годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ, Љубљана

Вклученоста во активностите на ЦЕФ е и потврда на заложбите за постојано јакнење на институционалните капацитети на Народната банка. Како член на Одборот, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). На состанокот којшто се одржа виртуелно, меѓу другото, беше усвоен Стратегискиот план на […]

Управувањето со амбалажното стакло како отпад од пакување во угостителството во Република С.Македонија

Стаклото е еден од најстарите познати материјали за пакување на производи (најчесто храна и пијалаци) со историја долга три милениуми. Користено е и на територијата на Македонија, па бројни се наодите на стаклени садови и во нашите познати антички центри како Скупи, Хераклеја, Стоби итн. Но, сепак масовното производство започнува во 20 век кога се […]

Петревски: Големата стагнација: Мит или реалност?

Во својот говор на Годишната конференција на Американското здружение на економисти, одржана во декември 1938 година, американскиот економист Алвин Хансен ја изложил тезата за секуларна стагнација. Осврнувајќи се на економските трендови во САД и во другите развиени земји, Хансен го претставил ставот дека Големата економска криза од 1929 година го означила крајот на големата епоха […]

Ангеловска-Бежоска: За да се оствари стабилен економски раст клучни се зголемувањето на продуктивноста, вложувањето во човечкиот капитал, структурните реформи и дигитализација

Гувернерката на Народната банка на Регионалниот собир на гувернери во Ровињ, Хрватска Со навестувањето на постпандемискиот период, време е да се размисли како непречено да се заменат општите економски политики со поспецифични, секторски политики што ќе ја олеснат оптималната прераспределба на ресурсите и посткризната трансформација на економиите, со цел да се зголеми потенцијалот за поголем […]

Јанмат: Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во усогласувањето со законодавството и политиките на ЕУ

Имам работено претходно во Северна Македонија, меѓу 2000 и 2002 година, вработен во Министерството за финансии на Холандија, на координирање на неколку кооперациски проекти со вашето Министерство за финансии. Тука бев кога Договорт за стабилизација и асоцијација беше потпишан во 2001 година. Ако ми кажавте тогаш дека Северна Македонија нема да биде земја членка за […]

Бојаџиев: ЦЕФТА како ЕФТА во EЕА

Каде ќе биде Западниот Балкан (WB6 [ЗБ6]) во 2035 година? Аспектите што ќе бидат посебно земени предвид се трите сценарија во поглед на иднината на економиите на Западен Балкан до 2035 г.:1. Четири економии од Западен Балкан да влезат во ЕУ (Joining the common market)2. Регионот да ја напушти европската перспектива и да се заврти […]