Што треба да прави Општина Струмица за подобра бизнис-клима и побрз раст на локалната економија?
За развојот на општините и долгорочната одржливост на тoj развој неопходно е да се слушнат мислењата на претставниците на бизнис-заедницата. На линков го презентираме нивното размислување за тоа што треба да прави Општина Струмица за подобра бизнис-клима и побрз раст на локалната економија.
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ја поздравува четвртата генерација ученците кои се одлучија за дуално стручно образование по германски модел
Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија веќе четврта година по ред го спроведува проектот за дуално стручно образование по германски модел. Дуалното стручно образование веќе 150 години е дел од малите, средни и големи компании во Германија. Тоа е тајната на успехот на германската економија. Компаниите успеваат да обезбедат стручен кадар според своите потреби, […]
Јовановски: Работа во недела, кој треба да одлучи?
„Не мислев дека ќе работам само од 9 часот наутро до 5 часот попладне, но не мислев ни дека ќе работам од 9 часот наутро до 5 часот наутро наредниот ден.“ Со овие зборови еден од помладите банкари во прочуената Голдман Сакс го изрази неодамна своето незадоволство од времетраењето на работната недела. Во интерната анкета […]
Стојков: Oсновно е да се направи стратегија за локален економски развој за период од минимум 10 години
Факт е дека Општина Струмица и регионот имаат огромен економски потенцијал. Тука, пред сè, мислам на релативно развиениот земјоделски сектор, исто така развиената прехранбена и преработувачка индустрија, градежништвото итн. Во последниве десетина години и туризмот бележи значителен раст. Општинската администрација со своите можности секогаш е добредојдена да помогне во развојот на бизнисот, иако има ограничени […]
НБ: Усвоен Кодекс на добри практики за финансиска едукација – Координиран пристап на финансиските регулатори, приватниот и граѓанскиот сектор за поефикасна едукација
Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, со коешто раководи Народната банка, а во коешто членуваат претставници на сите финансиски регулатори – Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност (КХВ), Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), го усвои Кодексот на добри […]
Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк
И покрај сите предизвици и ограничувања предизвикани од Ковид-19 пандемијата, Рудник САСА и оваа година на соодветен начин го одбележа 28. Август – Денот на рударите. По повод празникот, сите 705 вработени во САСА добија парични награди и подароци, а дополнително на 122 вработени им беа врачени специјални парични награди и признанија за нивниот извонреден […]
Даскаловски: Во овој момент, Општина Струмица има 0 (нула) обврски
Како претседател на Советот на Општина Струмица во повеќе мандати можам дека кажам дека почнувајќи од периодот кога градоначалник беше Зоран Заев, па сè до овој период кога градоначалник е Коста Јаневски, Општина Струмица е водечка општина не само во Југоисточниот Регион туку и во цела Реублика Северна Македонија, а тоа ќе го образложам во […]
Донев: Онлајн функционирањето и дигитализацијата на услугите се неопходни за нормално функционирање
За подобри услуги на општината потребно е општината да овозможи електронско поднесување и добивање на сите документи кои ги бараат граѓаните од општината. Во време на оваа пандемија се покажа дека онлајн функционирањето и дигитализацијата на услугите се неопходни за нормално функционирање, а освен во време на пандемија дигитализацијата во нормални услови ќе им овозможи […]
Костадинов: Отворањето на можностите на граѓаните корелира со претходно добро сондирана социо-економска структура на жителите од општината
Отворањето на можностите на граѓаните корелира со претходно добро сондирана социо-економска структура на жителите од општината со нивното образование, а перспективите од апликацијата на проекти ќе овозможат паралелен образовно-технички и инфраструктурен развој кој е поддржан од локалниот буџет, а креиран преку форумот на заедници кој се одржува пред секоја буџетска година. Со примена на светските […]
Дрвошанов: Можностите за развој и напредување на општината во сите сектори се големи
Во Струмица веќе 16 години локалната власт е во рацете на една политичка партија. Во тие четири мандати максимално сè е партизирано, почнувајќи од општинската админстрација, јавните претпријатија, училишта, градинки итн. Од оваа причина и усугите кои ги добиваат граѓаните се со слаб квалитет и квантитет. Значи, ако не ги тргне политиката рацете од овие […]