Ангеловска-Бежоска на самитот на „Економист“: Инвестирањето во дигиталната безбедност ќе биде еден од главните приоритети за банките
Инвестирање во дигиталната безбедност е еден од приоритетите во периодот што претстои за банкарскиот и за финансискиот сектор. Ова се должи на новите навики коишто ги стекнаа потрошувачите за време на пандемијата ‒ сѐ почесто ползување на придобивките од дигиталните финансиски услуги. Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панелот „Приоритетите за […]
Средба со шефицата на Мисијата на ММФ: Повисоката инфлација најмногу ги одразува глобалните притисоци, за кои се очекува да се намалат во 2022 година
ММФ, во своите проекции презентирани во Светскиот економски преглед, очекува дека инфлацијата во просек ќе достигне ниво од 3,1% во 2021 година и ќе се намали на околу 2,2% во 2022 година. Како што беше нагласено на средбата, тековните движења на цените во Северна Македонија се во согласност со глобалните случувања. Најголемиот двигател на неодамнешното […]
Миленковски: Универзитетот за туризам и менаџмент креира стручни кадри потребни за бизнис-секторот

Универзитетот за туризам и менаџмент оваа година слави 15 години од своето основање. Како започнавте и кои се главните предизвици со кои се соочивте во досегашниот период? А.Миленковски: Почетоците секогаш се придружени со тешкотии, но доколку од почеток не се постават работите на начин кој ќе обезбеди вистинска насока потоа тешко се поправаат грешките кои […]
Бизнис идеите „Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“, „ Мали истражувачи“ и „EnergyBox“ победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Impact Award 2021
Млади херои со големи идеи! Прекрасни тимови, ентузијазам, идеи кои сигурно ќе го променат општеството ја одбележаа седмата година од „Наградата за социјално претприемништво“ – Social Impact Award 2021. Девет неделната инкубациона фаза заврши со презентирање на проектите на финалистите и прогласување на наградените идеи. „Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“ и „ Мали истражувачи“ се решенијата […]
Ангеловска-Бежоска ‒ Брнз: Независност и професионалност на Народната банка за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност
За зачувување на макроекономската и финансиската стабилност од суштинско значење се независноста и професионалноста на централната банка. На средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Кејт Мари Брнз, се зборуваше за придонесот на монетарните власти во одговорот на кризата предизвикана од ковид-19. Беше посочено дека мерките […]
Народна банка: Инфлациските движења се умерено повисоки од проекцијата, главно произлегувајќи од увозни фактори на страната на понудата
На 12 октомври 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето дека постојното ниво на основната каматна стапка е соодветно на […]
„Тиквеш“ и годинава откупи најмногу грозје по повисоки цени од просечните
Анализата на податоците од годинешниот откуп покажуваат дека винарската визба „Тиквеш“ и оваа година откупи најголема количина грозје, по повисоки цени во однос на просечните цени за вкупната реколта. Имено, од 92 милиони килограми грозје, колку што вкупно се откупени оваа година, „Тиквеш“, со откупени 25 милиони килограми, што е повеќе од 25% од вкупниот […]
Триглав полиса за корисници на кредит која во целост ги покрива вашите кредитни обврски
Кредитите и кредитните картички станаа наша слатка навика за финансирање на нашите потреби, желби и соништа. Практично, сите живееме живот на кредит. Но, дали сте пресметале колку изнесува Вашето кредитно задолжување? Колку Вашето семејство финансиски зависи од Вас? Во најлош случај, дали на Вашето семејство ќе му оставите долг или наследство? Ризико полисата за осигурување […]
НЛБ Банка прва на пазарот овозможува користење на електронски идентитет во соработка со Mastercard
НЛБ Банка е првата институција во земјата која од денеска, во своето работење интегрира користење на електронски идентитет, овозможувајќи им на клиентите да започнат целосно ново, дигитално искуство при вршење на банкарски услуги. Ова во прaкса значи дека клиентите на НЛБ Банка можат да користат банкарски услуги од далечина, без да треба физички да дојдат […]
Само со воведување на светски стандарди може да се спасат лозарството и винарството во земјава
Кој е кој во… винската индустрија во Македонија – топ 20 компании за производство на вино во земјава Македонското вино е познато и признато насекаде во светот. Нашата земја е голем извозник на вино, како наливно така и во амбалажа, а македонските винарии се ориентирани кон извоз. Според податоците од Агенцијата за странски инвестиции и […]