Петрушев: Најголем предизвик ќе биде обезбедувањето одржливост на бизнисите при галопирачката цена на електричната енергија

Очекувам дека 2022 година ќе ја живееме во „интересни времиња“, соочени со предизвици и неизвесност. Особено силен удар очекувам врз домашната прехранбена индустрија и тоа како кај примарните производители, така и кај преработувачите. Оваа дејност кај нас има висок степен на увозна зависност и следствено многу малку можност за влијание врз влезните трошоци кои зависат […]

Војновиќ: Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната трансформација

На крајот од минатата година, во ек на пандемија, не знаевме што точно можеме да очекуваме од следната година, но ги преземавме сите мерки да бидеме спремни за сите сценарија. Денес можеме да бидеме задоволни од нашите тогашни проценки и од постигнатите резултати. Работиме на обновената групациска стратегија до 2025 година и продолжуваме со дигиталната […]

Томеска: Осигурителната индустрија ќе се насочи кон постпандемиска трансформација и раст

Покрај опстојувањето на несигурноста поврзана со пандемијата, новите варијанти на ковид-19 и инфлацијата, во 2022 година се очекува забрзаното закрепнување на светската економија да продолжи и да се постигне висок глобален раст над нормалниот. Побарувачката полека ќе се враќа на нормално ниво, а понудата ќе се подобри со што ќе се надмине нарушувањето во синџирот […]

Ангеловска-Бежоска: Се подготвува Предлог-закон за финансиски правобранител, кој ќе постапува по жалбите на граѓаните и ќе ги штити нивните права

Заштитата на корисниците на финансиските услуги е високо во приоритетите на Народната банка. Преку зајакнување на регулативата, со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, но и со Закон за финансиски омбудсман, со кој би се формирала посебна институција којашто ќе постапува по поплаките на граѓаните, ќе се гради рамка за посилна заштита на […]

Бранко Грегановиќ – нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

Бранко Грегановиќ е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во следните години и низ идните предизвици. Назначувањето на Бранко Грегановиќ на новата функција доаѓа по одлуката за негово именување донесена од Надзорниот одбор на Банката и издавањето на согласноста од Народната банка на РСМ. Бранко […]

Кучера Илиевска: Технолошкиот развој води до ремикс на деловните приоритети

И бизнисите и владите се под притисок да го трансформираат начинот на своето работење. Ова е глобаен случај, вклучително и во нашиот поширок регион на Централна и Источна Европа. Зошто? М. Кучера Илиевска: Централна и Источна Европа (ЦИЕ) во моментов се соочува со уникатни предизвици што претставуваат ризик за конкурентноста на регионот. До денес ЦИЕ […]

Мукаетов: Нашите планови се во 2022 година АЛКАЛОИД да продолжи со континуираниот раст и развој

Полека, но сигурно, во согласност со најавите, во 2021 година здравствената криза се претвори и во економска, а со тоа се појавија и нови предизвици во работењето. Сметам дека токму економската компонента на кризата ќе доминира и во 2022 година во различни индустрии, вклучително и во нашата. Она што веќе започна како тренд уште оваа […]

Азески: Мислам дека како држава треба да бидеме стварно внимателни

Секогаш досега сум настојувал да влеам доза на ентузијазам и покрај тешките околности во кои сме се наоѓале. Меѓутоа, морам да кажам дека некако сега ми се поклопуваат коцките на база на информациите што ги имаме дека ќе имаме исклучително напорна година, да не речам лоша година, живеејќи паралелно и со здравствена криза и со […]

Јосифовски: Цените на енергенсите ќе бидат високи, инфлацијата ќе се зголеми, а растот на БДП нема да биде доволен за намалување на јавниот долг на државата

Две илјади дваесет и втора година ќе биде тешка и неизвесна година за стопанството и за граѓаните на Република Северна Македонија. Корона кризата ќе продолжи и во новата година, додека на економски план нè очекува сериозна енергетска криза. Цените на енергенсите ќе бидат високи, инфлацијата ќе се зголеми, а растот на БДП нема да биде […]

Анѓушев: Очекувам годинешната бројка од 140 нови вработувања повторно да ја достигнеме и да ја надминеме

Со реален оптимизам и верување очекувам да се смири и да се стави под контрола пандемијата како на глобално, така и на локално ниво и да се продолжи со нормални услови за работа и живот. Тоа, од перспектива на Групацијата „Фероинвест“, „Брако“ и „Грин машинс“, би значело очекување за стабилизирање на светските пазари и економии […]