Младите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА со најзабавен концерт на планетата во Ист Гејт Мол

За последниот викенд од најкраткиот месец од годината, Ист Гејт Мол подготви ексклузивно изненадување, – долгоочекуваниот музички концерт на младите и талентирани ѕвезди од ДАЈТЕ МУЗИКА. Влезот за концертот ќе биде бесплатен, а сите фанови на „Дајте музика“ со своите пријатели и семејства оваа сабота (26.02.2022), од 12:30 – 13:30 часот се поканети на оваа […]

Советот за напредни технологии при Стопанската комора најавува реализација на бесплатни вебинари за дигитализација на компаниите

Стратешката трансформација на Стопанската комора на Северна Македонија за имплементација на концептот „Комора на иднината“, меѓу другото, има за цел да одговори на потребите на бизнис-заедницата во дефинирањето на иновативни решенија и да понуди експертиза во областа на дигитализацијата и користењето на современите напредни технологии за унапредување на работните процеси. Во рамки на таа трансформација […]

Георгиев: Од Бугарија, со љубов

Новата влада, на чело со Димитар Ковачевски, ете донесе некакво смирување на политичката сцена. Стандардната политичка орнаментика сè уште е присутна. Опозицијата, донекаде со право, го оспорува легитимитетот на новиот премиер и постојано повикува на предвремени избори. И тоа е легитимно, иако таквите крици се чини дека сè повеќе стивнуваат. Зошто? Па јасно е дека […]

Азески: Гужва во шеснаесетникот

Пандемијата не престана, енергетската криза продолжи, минималната плата се зголеми, за пензиите се преговара, прогресивниот данок се најавува, нешто е блокирано во Собранието, Украина ново воено жариште, цените секојдневно растат… Гужва во шеснаесетникот обично се создава при крајот на фудбалскиот натпревар, кога при фрлањето на топката отстрана, во тесниот простор на шеснаесетникот ќе се соберат […]

Светска банка: Народната банка активно ја унапредува регулативната рамка за ефикасен и сигурен банкарски систем

Народната банка посветено работи на унапредување на банкарската регулатива и вградување на најдобрите меѓународни практики и одредбите на европските директиви, со што се создаваат услови за одржување ефикасен и сигурен банкарски систем, како значајна алка во создавањето поволни финансиски услови за економски раст. Според оцените на Светската банка, тимот на Народната банка има професионален и […]

НБ: Во јануари: Годишен раст од 7,4% на вкупните депозити и од 8,4% на вкупната кредитна поддршка

Вкупните депозити во јануари, на годишна основа, се зголемени за 7,4%, како резултат на растот на депозитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити се зголемени за 8,4%, како резултат на растот на кредитите на двата сектора, кој е малку поизразен кај корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните […]

Ангеловска-Бежоска на конференција на централната банка на Белгија: Геополитичките случувања може да го забават растот

Геополитичките случувања, вклучително и руско-украинските тензии може неповолно да се одразат врз динамиката на заздравувањето на глобалната економија, како и на глобалните пазари на примарни производи. Директната изложеност на нашата кон руската и украинската економија е мала и оттаму не се очекуваат позначителни директни ефекти. Сепак, доколку дојде до забавување на глобалниот раст, а особено […]

Јовановски: Демократијата започнува на локално ниво – знаеме ли што се случува во општините?

Под мотото „Демократијата започнува на локално ниво!“ во периодот октомври 2020 − декември 2021 година Економија и бизнис го реализираше проектот „МОЈАТА ОПШТИНА − ФИНАНСИИ, РАЗВОЈ, ДОЛГОРОЧНА ОДРЖЛИВОСТ“. Проектот го финансираше швајцарската Агенција за развој и соработка преку Форумот за разумни политики. Целта на проектот беше да се овозможи подобар увид во клучните економски случувања […]

„Стандард и Пурс“: Денарот и банкарскиот систем и натаму се стабилни

Курсот на денарот е стабилен, девизните резерви минатата година се зголемени, додека банкарскиот систем, исто така, е стабилен. Домашната побарувачка е главен фактор на економскиот раст, во услови кога курсот на монетарната политика сѐ уште е олабавен, заради обезбедување доволно простор за постојано економско закрепнување. Ова се накусо заклучоците за монетарниот дел на реномираната агенција […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Азески: Мерките и политиките спроведени од Народната банка го ублажија ударот на пандемијата врз економијата

Мерките и политиките коишто ги спроведе Народната банка за време на пандемијата придонесоа за ублажување на ударот врз економијата, а потоа помогнаа и во процесот на закрепнување. Регулаторната флексибилност за време на пандемијата придонесе за солидна кредитна поддршка по значително намалени каматни стапки, што им помогна на фирмите во премостувањето на предизвиците со ликвидноста. Ова […]