Претставници на Американскиот совет на млади политички лидери во посета на „Алкалоид“

Делегација на Американскиот совет на млади политички лидери (American Council of Young Political Leaders – ACYPL), во придружба на претставници од Амбасадата на САД во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“. Целта на посетата беше претставниците на Советот, преку својата Програма за размена на делегации меѓу земјите, да се запознаат одблизу со начинот и со […]

За Денот на рударите САСА ја продолжи традицијата на наградување на вработените и донирање во заедницата

И оваа година, по повод Денот на рударите, рудникот САСА обезбеди парични награди и пригодни подароци за сите свои вработени, за нивното залагање и посветеност во работата. На 123 вработени им беа доделени и дополнителни парични награди, подароци и признанија за нивниот особен придонес во одржување на високиот степен на безбедност и здравје при работа, […]

Лимак рангиран меѓу 50-те компании од светската градежна елита

Компанијата Лимак, која го гради модерниот мултифункционален комплекс „Diamond of Skopje“ во центарот на главниот град, годинава повторно напредуваше на листата најдобри градежни компании во светот што традиционално ја прави „Engineering News Records“. Според оваа престижна листа на вкупно 250 најдобри во светското градежништво, Лимак годинава го зазеде 50-то место според присуството на интернационалните пазари. […]

Триглав Осигурување Живот со ново ризико осигурување за станбени кредити во соработка со Халк Банка со поврат на вложени средства

Станбените кредити се одлична можност за решавање една значајна животна потреба како што е станбеното прашање, но знаат да бидат и голем товар за семејството кое се одлучило за кредитно задолжување со висок износ и долг временски период полн со неизвесности. Комбинацијата на банкарски и осигурителни производи подразбира овозможување на кредит со вклучена полиса за […]

НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании

НЛБ Банка Скопје во соработка со Развојната Банка на Република Северна Македонија (РБСМ) воведува нов кредитeн продукт за правни лица со субвенционирана каматна стапка. Станува збор за кредитен продукт на износ до 30.000.000 денари, со субвенционирана фиксна годишна каматна стапка до 4% и рок на отплата до 12 месеци. За него ќе можат да аплицираат […]

Цветанов: Пат кон пропаста

ОД КОМПАНИИТЕ ЧЛEНКИ НА СТОПАНСКАТА КОМОРА Темата за цените на енергијата стана пресудна. Прашање е дали компаниите ќе опстанат или не. Пишувам од сопствено искуство, како извршен менаџер на една од поуспешните македонски компании, која 32 години растеше, инвестираше и се развиваше. Напорно работевме сиве овие години развивајќи конкурентни производи и брендови и извезувајќи ги […]

Нова бензинска станица на „Макпетрол“ во Велес

Компанијата отвори нова бензинска станица во градот Велес која се придружува на современата мрежа на бензински станици на „Макпетрол“ низ државата. Оваа бензинска станица, исто како и останатите, е опремена според највисоките светски стандарди и ќе ги задоволува секојдневните потреби на потрошувачите од градот Велес и околината. Новата инвестиција на „Макпетрол“ доаѓа во годината кога […]

Завршен е системот за наводнување „Славишко поле“

Во недела, 28 август 2022 година, во 13:40 часот, во село Псача, Феручо Бого, Вршител на должност во Делегацијата на Европската Унија, заедно со Премиерот Димитар Ковачевски и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, ќе го одбележат завршувањето на изградбата на малиот нискотрошовен систем за наводнување „Славишко поле“ во Општина Ранковце, финансирана со […]

Германската амбасадорка во работна посета на „Алкалоид“

Делегација на Германската амбасада во Скопје, предводена од Нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн, оствари работна посета на „Алкалоид“. За време на посетата, амбасадорката Холштајн, чиј домаќин беше работна група на компанијата, предводена од Генералниот директор и Претседател на УО, г. Живко Мукаетов, беше запознаена со резултатите од работењето на компанијата, деловните активности, нејзините пласмани и […]

Во Градскиот парк во Битола се гради ново детско катче донација од БИМИЛК

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски вчера изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк, кое е донација од компанијата Бимилк, по повод 70 години од постоењето на овој битолски бренд. Претставниците на компанијата го запознаа градоначалникот со динамиката на изведба и реквизитите кои што […]