Азески во „Еуроникел“: Компаниите застанаа зад Комората во барањето за поддршка од државата

Еуроникел (поранешен Фени) веќе трет месец е без производство, а на 30 септември електропечката во целост беше изгасната. Компанијата која вработува околу 1000 луѓе, што ја прави еден од најголемите работодавачи во државата, од 15 септември ги испрати своите вработени на принуден одмор, при што 25% се на работа, по принци пот на ротација. Генералниот […]

Комората со силна поддршка од компаниите: На стопанството му се потребни субвениции за да ги задржи вработените

На работните средби со претседателот на Комората Бранко Азески, менаџментот на компаниите „Кожувчанка“ ДОО Кавадарци и Металопромет – Струмица ја споделија загриженоста за високите трошоци за електрична енергија кои се неколку кратно повисоки и најавуваат дека без поддршка од државата прашање е на време кога ќе затворат. И двете компании, на работните состаноци дадоа силна […]

Раководството на Комората во посета на ТЕ-ТО: Ако централата работи со полн капацитет, компаниите нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија

Централата ТЕ-ТО е еден од клучните капацитети во решавањето на енергетската криза. Денеска имавме разговори со менаџментот за да се договориме како заеднички да настапиме пред државата, за да можеме да изнајдеме решение за компаниите коишто, ако овој капацитет работи со полна сила, сигурно нема да имаат проблем со набавка на електрична енергија, порача претседателот […]

Ангеловска-Бежоска за „Гласот на Америка“: Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, ова е најповолната монетарна стратегија за нашата економија

Стабилноста на денарот успешно се одржува и за време на тековната економска криза, што се должи на соодветното ниво на девизни резерви со кое располагаме, но и капацитетите на централната банка успешно да го одбрани курсот. Денарот со децении е стабилен во однос на еврото, валутата на нашиот најзначаен трговски партнер. Ова е најповолната монетарна […]

Кржаловски: Оперативниот и финансискиот лизинг се клучен дел од нашата понуда

Лоцирани во центарот на градот, веднаш до Спомен-куќата на Мајка Тереза, тимот професионалци ги отвори вратите на просториите на Стопанска лизинг за сите физички лица и компании на кои им се потребни финансиски или оперативни лизинг производи. Свеченото отворање се одржа со присуство и целосна поддршка на претставниците од Управниот одбор на Стопанска банка и […]

Кадиевска Војновиќ: Од енергетска криза до каква криза?

Mакедонската економија влегува во период на криза која по својот обем и времетраење ќе биде полоша од онаа со пандемијата. Прашањето дали енергетската криза ќе се прелее во економска криза − рецесија − е сѐ поизвесно, но дали таа ќе се прелее во финансиска криза треба убаво да се оцени. Сепак, многу фактори ги зголемија […]

Азески од Пробиштип: Рударството е една од гранките кои што може да донесе додадена вредност, потребна е поголема поддршка на овој сектор

“Булмак 2016“, како носител на концесии за експлоатација на металични руди од “Злетово“ – Пробиштип и “Тораница“ – Крива Паланка до овој момент работи непречено, но под вонредни мерки кои се преземени за да се ублажат секојдневните удари од кризата со енергенси и војната во Украина, информираше управителот на компанијата Гоце Мојсоски при денешната посета […]

Народна банка: Основната каматна стапка зголемена за 0,5 п.п. до нивото од 3,50%

Одржана редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка На 10 октомври 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. На седницата […]

Иванов: Со млада и амбициозна екипа jа градиме инфраструктурата на иднината

Господине Иванов, вие сте директор на групацијата Телелинк инфра сервисис. За почеток, кажете ни нешто повеќе за „личната карта“ на групацијата. П. Иванов: Историјата на компанијата почнува во 2001 година кога во Софија, Бугарија, е создаден Телелинк. Компанијата е креирана наменски за да учествува во тој момент во изградбата на мрежата на вториот мобилен оператор […]

Претседателот Азески со тим од комората на работна средба во Бучим и Боров дол

ВО ПОСЕТА НА КОМПАНИИТЕ ПОГОДЕНИ ОДЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Делегација на Стопанската комора на Северна Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески денеска 10.10.2022 година (понеделник) ќе ги посети рудниците „Бучим“ и „Боров дол“, кои поради енормниот пораст на цената на електричната енергија од 01 септември 2022 година привремено прекинаа со процесот на производство. Во двата рудника има […]