Капиталните инвестиции и кредитниот раст во главен фокус на Стопанска банка АД – Скопје
Со раст на нето-добивката, силна кредитна поддршка на населението и на бизнис-секторот, како и со раст на бројот на клиенти и депозити, Стопанска банка АД-Скопје успешно ја заокружи 2022 година. Постигнатите високи резултати во работењето се продолжение на континуираниот раст на Банката и на силната посветеност кон клиентите, вработените и заедницата во целост. Анализата на […]
Поголема транспарентност и поширок опфат на податоци од банките, како поддршка на финансиската стабилност
Одржана седница на Советот на Народната банка Советот на Народната банка, на својата редовна седница, ја донесе Одлуката за објавување извештаи и податоци од страна на банките, со која се вршат позначителни промени за зголемување на опфатот на податоците коишто ги објавуваат банките и на фреквенцијата на објавите. Промените се однесуваат на зголемување на транспарентноста […]
РЕС го презеде снабдувањето со електрична енергија на 250 компании за само 10 месеци постоење
Македонскиот снабдувач со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), заклучно со 1 февруари, снабдува 250 компании со електрична енергија обезбедувајќи им најповолни услови, односно најниски цени со најквалитетна испорака и пакети според потребите на клиентите. Од февруари 2023 година уште 15 нови реномирани фирми донесоа одлука да се снабдуваат преку РЕС, искористувајќи ја можноста да […]
Економија и бизнис | февруари 2023г.
Во февруарскиот број ќе читате Можете да се претплатите на следниот линк
Анѓушев: Да се градат електрани од различни обновливи извори, а решение за вишоците струја се Чебрен, батерии и водород
Заинтересираните за изградба на електрани од обновливи извори треба да инвестираат во различни извори, а не само во фотоволтаици, порача претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, на дебатата за енергетика што се одржа за време на годишната конференцијата во организација на Владата на Република Северна Македонија. ,,Треба да се водиме според ,,Стратегијата за енергетика […]
Николоски: Инфлацијата низ призмата на пазарот на трудот
Инфлацијата во македонската економија сè повеќе претставува закана како за нормалното функционирање на стопанството така и за благосостојбата на домаќинствата. Инфлаторните движења од почетокот на 2022 година укажуваат на забрзан пораст што наметнува потреба од соодветна анализа на причините и на последиците од инфлацијата, како и можните мерки за нејзино зауздување. Постојат голем број фактори […]
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност
Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови […]
ТАВ: Ер Србија ќе ја обнови авиолинијата Белград – Охрид од јуни 2023
Српскиот национален авиопревозник, Ер Србија од јуни годинава ќе ги обнови летовите меѓу Белград и Охрид, известува ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, по најавата на авиокомпанијата за повторното воведување на оваа авио-конекција.Охрид, македонскиот бисер и македонскиот туристички и културен центар ќе биде воздушно поврзан со Белград […]
ДОНАЦИЈА: „Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“
„Ви благодариме од срце! 460 деца и млади без родителска грижа растат во семејство благодарение на вас“ – пишува на врамениот дрес кој Ракометната федерација на Македонија го доби од организацијата „СОС Детско село“ по повод примо-предавањето на донацијата. Вкупниот износ кој е собран од продажбата на билети за хуманитарниот ракометно музички спектакл одржан на […]
Пет прашања до Владата по повод годишнината
1. Започнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд. Во образложението на решението со кое се отфрла нашата иницијатива, а кое, впрочем, го добивме година дена по поднесувањето на иницијативата, Уставниот суд елаборираше дека една од причините е тоа дека здравјето на […]