Натпревар „Најдобар бизнис концепт за зелени иновации 2023“
На 13.05.2023 г., се одржа 17-иот годишен натпревар „Најдобар бизнис концепт 2023 – Натпревар за зелени иновации“, организиран во рамки на европскиот проектGREENOVET преку Центарот за извонредност во зелени иновации (ЦИЗИ) при Машинскиот факултет во Скопје. Натпреварот наменет за гимназии и средни стручни училишта на територија на Република Северна Македонија е овозможен преку континуирана соработка […]
ЗА и ПРОТИВ: Замрзнување / намалување на цените со владина одлука
Бранимир Јовановиќ, виенски институт за меѓународни економски студи: КОЈ СЕ ПЛАШИ ОД ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ? Трајко Славески, универзитетски професор, Економски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“: ПОДГРЕВАЊЕ НАМЕСТО СОБОРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА
Јовановиќ: Кој се плаши од замрзнувањето на цените?
Изабела Вебер предизвика бура меѓу економистите на крајот на 2021 година. Младата професорка по економија од Универзитет на Масачусетс во Амхерст објави колумна во британскиот весник Гардијан во која се осврна на примената на ценовните контроли како инструмент за справување со инфлацијата. Реакциите беа бројни, и негативни и позитивни. Пол Кругман ја нарече идејата „глупава“, […]
Славески: ПОДГРЕВАЊЕ НАМЕСТО СОБОРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА
Неколку децении глобалната економија помина во состојба на „модерација“ од аспект на движењето на цените. На ова влијаеја повеќе фактори, но три се најважни: прво, отсуството на посилни надворешни шокови на светските пазари за енергија и суровини од типот на нафтените шокови од 70-тите години од минатиот век и покрај неколкуте нагли зголемувања на цените, […]
ФЕРОИНВЕСТ и ЦЕНТРАЛИНВЕСТ со 113 милиони евра приход во 2022 година
113 милиони евра приход во 2022 година остварија компаниите во сопственост на Кочо Анѓушев коишто се во групацијата Фероинвест/Централинвест, во која припаѓаат и фирмите БРАКО и РЕС. Наведениот приход претставува раст од дури 135% споредено со 2021 година. Растот на компаниите се должи, пред се, на зголемена продажба на електрични и хидрогенски возила за чистење, […]
Мицковски: „Супер“ Премиер лигата наликува на Див Запад
Суперлигата која најбогатите и најуспешни европски фудбалски клубови сакаа да ја формираат минатата година, како алтернатива на Лигата на шампиони, дејствува како веќе да постои, но со едно поинакво и постаро име: Премиер лига. Милијардерското наддавање при купувањето на Манчестер јунајтед, со понудата од катарскиот шеик Ал Тани од Катар за рекордната сума од пет […]
РЕС истргува најголема количина електрична енергија на првиот ден на македонската берза за струја
Компанијата РЕС (Renewable Energy Supply), вчера, на првиот ден од работењето на македонската берза за електрична енергија, истргува најголемо количество енергија од сите снабдувачи, односно 31 мегават часови, или 12% од вкупното количество од 256 мегават часови, истргувани од страна на 20 компании кои вчера учествуваа на берзата. Од РЕС потенцираат дека ќе даваат континуирана […]
Горан Анѓушев: Феро Инвест е единствена македонска компанија која дава комплетна услуга за фотоволтаични електрани
Феро Инвест е единствената македонска компанија која на инвеститорите им овозможува комплетна услуга за изградба и откупување на електрична енергија од фотоволтаици, изјави во утринската емисија ,,Здраво Македонијо“, на Канал 5 Горан Анѓушев, директор за развој на проекти за фотоволтаични електрани во Феро Инвест. „Во Феро Инвест инвеститорите на едно место добиваат се и не […]
Во Еуроникел Индустри во тек е имплементација на производните процеси, системот се рестартира
Во погоните на Еуроникел Индустри се финализира целосната имплементација на производните процеси со што системот се рестартира и наскоро производниот процес ќе се одвива непречено. Еуроникел Индустри ќе продолжи со производство според расположливите капацитети. Менаџментот и управата на компанијата остварија средба со претставниците на синдикалната организација, при што ги запознаа со моменталните процеси во компанијата […]
ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2023 – почнува најмасовната акција за пролетно чистење
Продолжува стратешкото партнерство помеѓу Мен Енд Маунтен, Пивара Скопје и Пакомак, поддржано од Шпаркасе Банка и Нула Отпад, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во третата по ред еколошка акција – ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД. Акцијата годинава се спроведува во 53 општини и 450 училишта низ државата со повеќе […]