Донација на ОКТА – инсталирана фотоволтаична централа за ОУ „Гоце Делчев“ во општина Илинден

ОКТА АД – Скопје со нова донација на фотоволтаична централа, како дел од најавените активности со кои компанијата го одбележува 45–годишниот јубилеј. Овојпат, на покривната конструкција на oсновното училиште „Гоце Делчев“ во општина Илинден, поставена е фотоволтаична централа со вкупна инсталирана моќност од 15 kW (киловати), проектирана согласно годишната потрошувачка на електрична енергија на училиштето. […]

Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка

Вкупно 20 „зелени“ проекти на 17 компании во земјава се во фаза на реализација, со што компаниите ќе придонесат за модернизација на своите производни капацитети, превозни флоти и продажни локации. Почетокот и реализацијата на овие развојни проекти се должи на кредитната линија за поддршка на малите и средните претпријатија за инвестиции во одржливи, зелени технологии […]

Во септември: Годишен раст од 8,9% на вкупните депозити и од 5,8% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 8,9%, како резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со малку поголем придонес на секторот домаќинства. Годишниот пораст на кредитите од 5,8% произлегува од повисокото кредитирање на двата сектора, при поизразен придонес на секторот домаќинства. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: http://www.nbrm.mk/soopstenija-md-ns_article-monetarni-dvizenja.nspx

Компанијата dm дрогерие маркт остварува нови рекордни деловни резултати во својата 11-та година на македонскиот пазар

– Остварен промет од 2,45 милијарди денари, што претставува раст од 36,6% во однос на претходната деловна година; – На ниво на dm Групација – Австрија и концернски земји (без Германија и Полска) е остварен промет од 4,5 милијарди евра, односно раст од 23,10 % во однос на претходната година; – Зголемување на платите за […]

Општина Аеродром се вклучува во општествено одговорната кампањата на „Макпетрол“

Осумте основни училишта во Општина Аеродром ќе бидат дел од општествено одговорната и едукативна кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Учениците, но и родителите, ќе добијат едукативен материјал преку којшто ќе можат подобро да се запознаат со проблемот со булингот и неговите различни форми, а во секое од училиштата ќе се одржи и […]

НБ: Се зголеми профитабилноста на корпоративниот сектор во 2022 година, а задолженоста и натаму е во умерени рамки

И покрај предизвиците коишто ги донесе енергетската криза и инфлациските притисоци, речиси во сите дејности од корпоративниот сектор се зголемија приходите од работењето и се подобри нивната профитабилност, се наведува во Извештајот за финансиската стабилност за 2022 година. Во 2022 година, сите дејности се вратија на патеката на профитабилно работење, при што во однос на […]

Потенцијалот на психолошката сигурност во компанијата

Во времето кое го живееме една од клучните компетитивни предности за компаниите е знаењето што го имаат вработените, подготвеноста за доживотно учење, но и иновирањето/експериментирањето со новото знаење зачинето со подготвеноста креативно да се греши, да се учи и да се продолжи понатаму збогатени со искуството од грешката која е во основа лекција кон следната […]

“Подобар договор од овој (?) не е можен“ или „друг договор, од веќе постигнатиот, не е можен“

Тезата која честопати ја слушаме изминатава година е дека „подобар договор од овој (?) не е можен“ што, според мене, суштински е погрешна, односно она што сметам дека добронамерните политичари од моќните евроатлантски стратешки партнери го велат (и го мислат) е дека „друг договор (од веќе постигнатиот) не е можен“. Времето се движи нанапред. Нема […]

ТАВ: Аеродромите во Скопје и Охрид со 2,4 милиони патници во 9-те месеци од 2023 година

Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, бележат пораст од 30% на патничкиот сообраќај за периодот јануари – септември 2023 година во однос на 2022 година и пораст од 15% во однос на 2019 година. ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на Групацијата АДП, известува за силен пораст на бројот на патници […]

Компаниите да ја користат медијацијата во деловните спорови меѓу себе, со државата и со општините за да се избегнат долгите судски спорови

Стопанската комора на Северна Македонија заедно со Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ – групација на Светска банка и Националниот совет за медијација-Владино тело денеска беа организатори на втората регионална конференција на тема: “Заеднички кон поголема афирмација на медијацијата во РСМ, заради искористување на сите нејзини бенефити”. На регионалата конференција, на која учествуваа претставници на бизнис секторот, […]