Здружението „Бадникови поворки“ ќе ја објави програмата на Бадниковата манифестација 2026
Здружението „Бадникови поворки“ денеска со почеток во 13 часот, пред поставената Божикна пештера на Плоштадот „Македонија“ во Скопје, ќе одржи прес-конференција на која ќе ја објави целокупната програма на Бадниковата манифестација 2026. – Пред Божикната пештера, која важи за едно од најимпозантните дела на уметноста и традицијата во регионот, официјално ќе бидат претставени сите активности […]
Компанијата dm ја зајакнува поддршката на заедницата: донации и иницијативи од речиси 7,9 милиони денари во деловната 2024/25 година
Компанијата dm дрогерие маркт продолжува да ја развива својата стратегија за поддршка на заедницата, темелена на долгорочна посветеност, редовни донации и општествено одговорни проекти ширум земјата. Во текот на деловната 2024/25 година*, преку различни проекти и активности, dm обезбеди донации во вкупна сума од речиси 7,9 милиони денари. „Активностите што ги спроведовме во текот на […]
Контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници во општина Кисела Вода
Жителите на Општина Кисела Вода добија можност правилно да го одлагаат текстилниот отпад, откако беа поставени специјални контејнери за текстилен отпад пред сите месни заедници. Со оваа иницијатива, Кисела Вода воспоставува функционален и одржлив систем за селектирање и рециклирање на текстилен отпад, во соработка со лиценцираната компанија ЕКО-ТЕКС ГРУП ДОО Скопје. На овој начин се […]
ПУШТЕН НАЈДОЛГИОТ ПАТЕН ТУНЕЛ ВО СВЕТОТ
Тунелот Тјаншан Шангли, кој со должина од 22,13 километри е најдолгиот патен тунел во светот, денеска беше отворен за сообраќај. Тунелот е изграден низ централниот дел од планинскиот масив Тјаншан во автономниот регион Синџијанг во северозападна Кина, и со негово пуштање се скратува повеќечасовното патување низ планините на само дваесет минути возење. Како клучен дел […]
Зошто празниците се предизвикувач на депресивното расположение!
Празниците не им носат и не им предизвикуваат радост и еуфорија на сите луѓе, а за многумина, тие се период на зголемена тага, осаменост и внатрешен притисок. „Празничната депресија е всушност состојба во која лицето се чувствува лошо, е во лошо расположение, тажно, а прашањето е колку е функционална. Сега би направила разлика, токму како […]
Тошковски: Со „Безбеден град“ за 20 отсто е намален бројот на повредени од сообраќајки
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи. – Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност […]
Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2026 е проектиран внимателно, без зголемување на даноците
Проектираниот економски раст од 3,8 проценти за 2026 година е реално остварлив и не е заснован на оптимистичко сценарио, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во интервју за бизнис магазинот Економија и бизнис. Според неа, буџетските проекции се направени конзервативно, имајќи ги предвид глобалните економски ризици и состојбите кај клучните трговски партнери. Министерката нагласи […]
Божиновска: АД ЕСМ ги има спроведено набавките по планот, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена
Никој не беше видовит дека земјоделците во Грција ќе штрајкуваат со денови токму сега. АД ЕСМ, кое е под Влада и Министерството за енергетика нема надлежности врз него, си ги има спроведено набавките по планот на набавки, но сме одговорни и воведуваме криза од седум дена, рече министерката Сања Божиновска во одговор на пратеничко прашање […]
ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити
Целосно ја разбираме загриженоста на јавноста за квалитетот на воздухот во градот, но нашата компанија не е причина за тоа. Напротив, ТИТАН Усје работи согласно најдобрите достапни техники во производството на цемент. Технологијата која се применува во ТИТАН Усје соодветствува со најдобрите компании од оваа индустрија во Европската Унија, се наведува во соопштението на компанијата. […]
Со НЛБ Банка сега можеш сè!
Сите банкарски услуги во твојот телефон
НЛБ Банка ја заокружува јубилејната година со најголемиот исчекор во дигитализацијата на своите услуги и официјално станува првата „mobile first“ банка на пазарот, овозможувајќи сеопфатно дигитално искуство преку мобилен телефон. Со пораката Што ако можеш сè?, во изминатава година, НЛБ Банка ја градеше својата позиција на поддршка на амбициите и можностите на клиентите. Денес, таа […]