Со донација од dm дрогерие маркт, ОУ „Никола Вапцаров“ од Струмица доби ново хортикултурно уредување на училишниот двор!

Еколошкиот проект „ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО ЗА ПОЗЕЛЕНО УТРЕ“, кој најголемиот европски дрогериски ланец dm дрогерие маркт го започна минатата година по повод јубилејната 10-та година на македонскиот пазар, успешно влезе во својата втора година. Имено, како дел од овој проект, претставници на компанијата, заедно со своите институционални партнери од Факултетот за шумарски науки и екоинженеринг „Ханс […]

ТАВ СВЕЧЕНО ГО ОТВОРИ РЕНОВИРАНИОТ PRIMECLASS БИЗНИС-САЛОН НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ

Тав Оперативни услуги, светскиот водечки давател на угостителски услуги и дел од ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, го претстави реновираниот Primeclass бизнис-салон на Меѓународниот Аеродром Скопје. Со најновите подобрувања, Primeclass бизнис-салонот им нуди на патниците уште поудобно и полуксузно искуство додека патуваат преку скопскиот аеродром Денес, 6-ти ноември, на Меѓународниот Аеродром Скопје, на свеченото отворање […]

КОЧО АНЃУШЕВ НА МЕЃУНАРОДНА ТЕХНИЧКА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО МИЛАНО НА ПОКАНА НА ИТАЛИЈАНСКАТА АМБАСАДА

На покана на италијанската амбасада во Скопје, сопственикот и главен извршен директор на БРАКО и ФЕРО ИНВЕСТ, Кочо Анѓушев, како посебен гостин учествуваше на меѓународната техничка конференција“WIRE&CABLE” во Милано, посветена на најновите светски текови во жичаната индустрија во делот на истражувањето, инженерството и производството на жица. На настанот беа презентирани најсовремените технички решенија за обработката […]

СИСТЕМСКИ ПРОТИВ НЕФОРМАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Искористена можност или изгубена добивка? Неформална економија е многу повеќе од тоа. Таа не секогаш носи индивидуална корист на сметка на јавниот интерес. Таа создава нееднаквост на пазарот и ги нарушува принципите на праведност и конкуренција, станува извор на корупција, го руши кредибилитетот на државните институции, а со тоа ја намалува и лојалноста на граѓаните […]

Ѓошевски: Секој ден мора да се докажуваш на пазарот пред купувачите

Оваа 2023 година е по многу нешта специфична за ЖИТО МАРКЕТИ во најпозитивна смисла. И тоа токму во годината кога прославувате 35 години. Што претставува за ЖИТО МАРКЕТИ овој три и пол децениски јубилеј, постојано следејќи ги потребите и барањата на потрошувачите во една исклучително конкурентна индустрија каков што е секторот на малопродажбата на стоки […]

Филозофија: Ајнштајн и Тагоре

Ајнштаjн и Тагоре се сретнале неколкупати. Последната и најзначајна средба се случила на 14 јули 1930 година во домот на Алберт Ајнштајн (14 март 1879 г. − 18 април 1955 г.) на периферијата на Берлин каде што срдечно го пречекал индискиот поет, филозоф и музичар Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861 г. − 7 август 1941 […]

ВКУСОТ НА ЕВРОПА

Автентична и специфична за секој регион, гастрономијата е драгоцен дел од светското културно наследство. Како израз на посебноста на одредена земја, таа е воедно и составен елемент од туристичката атракција и понуда. Изминатава пролет беше интересна, се чинеше дека како по договор неколку европски амбасади во Скопје одбраа во рамките на своите дипломатски активности со […]

Зголемени платите на вработените во КАМ за 25 отсто во споредба со лани

КАМ доследно ја имплементира својата стратегија на континуирано вложување во вработените, а како резултат на тоа бележи раст на платите на своите вработени за 25 отсто во споредба со септември минатата година. Последното зголемување се однесува на вработените во администрација каде просечната исплатена месечна нето плата изнесува 53.000 денари. За септември 2023 година, КАМ на […]

Колку фирмите во земјава беа погодени и како се справија со кризата предизвикана од конфликтот во Украина?

Од почетокот на годинава, Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики прави опсежна анализа на ефектите од кризата предизвикана од конфликтот во Украина врз домаќинствата, фирмите и државата, со фокус врз некои вообичаено поранливи сегменти како жените, малите фирми и руралните области. Акцијата е поддржана од програмата Цивика мобилитас. Во еден сегмент, акцијата […]