Етна повторно исфрла лава

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна на Сицијалија, од синоќа повторно еруптира и исфрла лава. Според италијанскиот Институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) во Катанија на Сицилија, фонтаната од лава се издигнала до надморска височина од 6.000 метри и го осветлила ноќното небо на истокот од островот. Во три села на Сицилија е забележан дожд […]

Индустриското производство во октомври зголемено за 9,9 отсто

Индустриското производство во октомври годинава, во однос на истиот месец лани, е поголемо за 9.9 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2023 година, во однос на октомври 2022 година, бележи пораст од 15.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од […]

Двегодишното девојче стана најмладата членка на Менса

Двегодишната Ајла Мекнаб од американската сојузна држава Кентаки стана најмладата членка на Менса, а постигна и Гинисов рекорд. Родителите на девојчето, Џејсон и Аманда, ја забележале способноста на Ајла да чита зборови наназад, по што забележале зборови напишани со шарени букви на играчките низ куќата, како и зборот „мачка“ до семејното милениче Бугер. Мекнабс контактирал […]

(ГАЛЕРИЈА) Се одржа првата „HalkTalk 2023“ бизнис-конференција за претприемачки организирана од Халкбанк

На настанот што се одржа во Македонската филхармонија, на сцената говореа искусни претприемачки клиенти на Халкбанк, како и Агњешка Шпионек, специјалната говорничка од Mastercard Advisors „HalkTalk 2023“, конференцијата организирана од Халкбанк, а поддржана од Mastercard, која на едно место ја собра бизнис-заедницата на жени, се одржа под мотото„Се инспирираме и се охрабруваме една со друга“. […]

Одржана седница на Комитетот за финансиска стабилност: Финансискиот сектор е отпорен на шокови

Домашниот финансиски сектор добро се справи со глобалните предизвици и уште еднаш покажа дека е отпорен на шокови и има капацитет за справување со кризи, се заклучува во Извештајот за финансиска стабилност за 2022 година. На седницата на Комитетот за финансиска стабилност, одржана на 27 ноември, беше презентиран Извештајот за финансиската стабилност во Република Северна […]

ИСОС го зајакнува капацитетот и поддршката на сите сметководители да ги исполнат законските и професионалните норми

Управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) ја заокружи серијата средби со членовите на своите подружници низ земјата. Во изминатиот период беа организирани состаноци со подружниците на ИСОС во Тетово, Велес, Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Куманово и Скопје, со цел, преку директна комуникација со членовите на Институтот, да се потврдат неопходните чекори […]

Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024

Реката Сена треба да биде местото каде за време на летните Олимписки игри идната година во Париз треба да се натпреваруваат пливачите маратонци, како и триатлонците, а организаторот на Игрите вложува големи средства за сè да мине во најдобар можен ред. Организаторите на Олимписките игри 2024 во Париз најавија денеска дека ќе вложат 1,4 милијарди […]

Од денеска повторно евтина дневна тарифа на струјата за домаќинствата

Домаќинствата почнувајќи од денеска во периодот од 13 до 15 часот повторно ќе имаат евтина дневна тарифа на струјата, со што вкупно 11 часа ќе имаат на располагање евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во недела. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување […]

НБ: Зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити во октомври

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во октомври таа изнесува 1,67%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити е непроменета во однос на претходниот месец и изнесува 5,49%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно […]

Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа 201.059 милиони денари и бележат квартален раст од 4.201 милиони денари

Позначајни движења кај останатите финансиски институции (ОФИ): трет квартал на 2023 година Во третиот квартал на 2023 година, вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа 201.059 милиони денари и бележат квартален раст од 4.201 милиони денари. Останатите финансиски институции учествуваат со 19,5% во средствата на финансиските институции. Анализирано од аспект на потсекторите, пензиските фондови […]