АЗЕСКИ НА ЧЕЛО НА АСОЦИЈАЦИЈАТА НА БАЛКАНСКИ КОМОРИ ВО 2024 ГОДИНА

Асоцијацијата на Балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишница од своето постоење. На следната Седница на Асоцијацијата на Балкански комори, која ќе се одржи следната недела, на 13 декември 2023 година во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот […]

ТАВ инсталираше нов врвен уред вреден 2,4 милиони евра за скенирање за системот за ракување со багаж на скопскиот аеродром

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, ја заврши надградбата на системот за ракување со багаж и инсталацијата на нов уред за скенирање багаж на скопскиот аеродром, што претставува уште една капитална инвестиција во вредност од 2,4 милиони евра. Отсега, патниците може да пристигнуваат на аеродромот како и претходно, 2 часа пред нивниот лет ТАВ Македонија, […]

Над 400 учесници на финалните консултации за Националната развојна стратегија

Повеќе од 400 претставници од национални институции, граѓанскиот сектор, експерти од различни области, голем број млади и младински организации, вчера и денеска учествуваа на финалните консултации за Националната развојна стратегија. На настанот беше презентирана нацрт верзијата на стратешкиот документ кој претставува сеопфатна визија за развојот на државата во следните 20 години. Процесот на креирање на […]

ОД „ТЕШКОТО“ И „ГОЛЕМАТА МАЈКА“ ДО „ДИЈАТРЕТАТА“ И „АРАБЕСКАТА“ ХАЛКБАНК НЀ НОСИ НА ПАТУВАЊЕ ДЛАБОКО ВО НАШАТА СУШТИНА

Преку корпоративно брендирање до афирмација на трајни културни вредности Халкбанк АД Скопје во рамките на својата ангажираност кон уметноста преку современ дизајн инспириран од богатата културна историја работи на визуелна афирмација на трајните културни вредности. Проектот „Трајни Културни Вредности“ втора година продолжува да ги истражува помалку познатите елементи од нашето културно наследство и да ги […]

Нина Ангеловска избрана за прв претседател на Балканската Алијанса за е-трговија

Асоцијациите за е-трговија на Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Албанија, потпишаа Меморандум за формирање на Балканска Алијанса за е-трговија која ќе се залага за олесување и унапредување на регионалната е-трговија. Формирањето на Балканската алијанса беше поддржaнo од Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Надворешна трговија, спроведен од Германското друштво за меѓународна соработка […]

8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8 декември 2023 година (петок), ‘’Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.

ЕК одобри заедничка инвестиција на „Мусаши“, „Делта“ и „Тојота“

Европската комисија даде дозвола за заедничка инвестиција во проект за производство на автомобилски компоненти на индиската фабрика „Мусаши Авто делови Индија“, тајванската компанија „Делта Електроникс“ и јапонската корпорација „Тојота Цушо“. Инвестицијата првенствено се однесува на производство на автомобилски делови за погонските системи на електрични возила на две тркала во Индија. Европската комисија заклучи дека заедничката […]

Одобрени 1,2 милијарди евра државна помош за заеднички компјутерски проект на седум членки на Е

Европската комисија одобри исплата на 1,2 милијарди евра државна помош за реализација на „важен проект од заеднички европски интерес“ (ИПЦЕИ) за поддршка на истражување, развој и прво индустриско распоредување на напредни компјутерски технологии во облак во повеќе провајдери во Европа. Исплатата на средствата за проектот наречен „Инфраструктура и услуги во облак од следната генерација“ (ЦИС) […]

Битолско млеко и Битолски јогурт повторно прв избор на потрошувачите

Битолски јогурт и Битолско млеко веќе четврта година со ред ја уживаат довербата на македонските потрошувачи и се најпознатите брендови за 2023 година во соодветните категории, според истражувањето спроведено од агенцијата Инсајдер ИД. Двата бренда на Бимилк, застапени во ова истражување се истакнуваат со најголема препознатливост кај потрошувачите, во споредба со сите брендови од категориите […]

Кои членови на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со нови акции?

Преку соопштение доставено до Македонската берза, ГД Гранит АД Скопје согласно член 34 од правилата за котација известува дека дел од членовите на Управниот одбор и Надзорниот одбор на ГД Гранит АД Скопје се стекнаа со акции од издавачот на хартии од вредност друштвото ГД Гранит АД Скопје и тоа: – Зоран Милковски – член […]