Димитриеска-Кочоска: Растот на БДП во четвртиот квартал од 2025 година е потврда на одговорниот пристап на Владата и позитивните економски движења

Објавените податоци на Државниот завод за статистика за раст на БДП во 2025 година се потврда за внимателниот и сериозен пристап при планирањето и водењето на фискалната политика, изјави денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која истакна дека согласно податоците реалниот раст на БДП во 2025 година достигна 3,5% што е во линија […]

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван во Гостивар и околината утрово во 5 часот и 21 минута. Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, на околу 45 километри западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.2, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. извор МИА

„Иднина која инспирира“: dm лансира платформа која ја враќа вербата во силата на поединецот и заедницата

Компанијата dm drogerie markt ја претставува платформата „Иднина која инспирира“, иницијатива насочена кон поттикнување на општествениот ангажман и активното учество на поединците во обликувањето на заедничката иднина. Со тоа започнува серија активности чија цел е да се охрабрат луѓето да се вклучат во промените така што поединци ќе споделуваат приказни за своите искуства со општествен […]

Сиљановска-Давкова – Руте: Северна Македонија игра значајна улога во заштитата на безбедноста на Западен Балкан

Денешните сложени безбедносни околности бараат будност, подготвеност, јакнење на активностите на инструментите за рано предупредување и посилни и одржливи инвестиции во одбранбените капацитети. Северна Македонија е верен сојузник на НАТО и придонесува за безбедноста на целиот регион – нагласија на заедничката прес-конференција претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој е во […]

Пад на барањата за азил во ЕУ

Бројот на барања за азил во Европската Унија, како и во Норвешка и Швајцарија, минатата година повторно нагло опадна, покажаа податоците објавени денеска. Вкупно околу 822.000 барања биле регистрирани во 27-те земји-членки на ЕУ и двете партнерски земји, што претставува пад од 19 отсто во споредба со 2024 година, се наведува во извештајот на Агенцијата […]

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места

Во четвртото тримесечје од 2025 година најмногу работници биле барани во услужните дејности и продажбата. Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2025 година изнесува 2.14 %, а најголем број слободни работни места, 2 387, има во петтата група занимања: Работници во услужни дејности и продажба. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни […]

ОД ВИНАРНИЦА ДО ДЕСТИНАЦИЈА | Лепушек: Малите винарници да градат и да промовираат автентична винска приказна

Какво е значењето и кои беа клучните чекори во развојот на винскиот туризам во Словенија? − Во Словенија има 2 500 мали винарници кои, на комерцијална основа, се занимаваат со производство на вино. Словенечките мали винарници се ориентирани на продажба на флаширано вино и тоа се прави со промоција со индивидуални контакти и препораки. Заедно […]

БРИТАНСКИТЕ ДОМАЌИНСТВА СЕ „НАЈПОГОДЕНИ“ ОД НАПАДИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК, британците се загрижени за падот на фунтата и од високите цени на гасот

Цените на гасот во Велика Британија се зголемија за 93 проценти од почетокот на конфликтот на Блискиот Исток. Како што објави Скај њуз, цените на гасот денес се зголемија за 32 проценти околу 0,06 евра за kWh, вредност што не е забележана од февруари 2023 година. Доколку овие високи цени се одржат, британските домаќинства наскоро […]

ИНТЕРВЈУ | Фетаи: Незаконски стекнатиот капитал влегува во легалните текови и ги нарушува условите за фер бизнис

Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот во февруари ја одржа конститутивната седница со што официјално започна со работа највисокото координациско тело задолжено за следење и за унапредување на институциите кои спроведуваат финансиски истраги и конфискација на имот. Со Советот претседава заменик на претседателот на Владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, со […]

ПОДГОТОВКИ ЗА СИНДИЦИРАН КРЕДИТ ОД 300 МИЛИОНИ ЕВРА, министерката Димитриеска-Кочоска е децидна дека во буџетот за 2026 година беше јасно предвидено колкаво ќе биде задолжувањето во странство

Синдициран заем, што го одобрува поголема група банки, најверојатно ќе биде кредитот од 300 милиони евра што го најави Владата. Како што рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, веќе се во тек преговорите со банките и се чекаат понудите, а ќе биде земено она што најмногу ќе одговора и што ќе биде најсоодветно за […]