НБ: Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30%
Одржана редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика Основната каматна стапка останува на нивото од 6,30% ‒ тековната монетарна поставеност соодветна на условите во економијата На 19 декември 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и […]
„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село
Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. – Општествената одговорност долги години […]
Стојкоски: ЗАМРЗНУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НАСПРОТИ ЗГОЛЕМЕНИТЕ КАМАТИ
На својот состанок од 14 септември, Советот на Европската централна банка донесе одлука за уште едно покачување на трите клучни каматни стапки на ЕЦБ за 25 базични поени.ЕЦБ ги зголеми каматните стапки 10-ти последователен пат почнувајќи од средината на 2022 година. За рекордни 15 месеци од кога започна да ги покачува каматите, со цел зауздување […]
Уставниот суд донесе времена мерка во изводите на родени, венчани и умрени да не се впишува националност
Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да […]
Бројот на вработени во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година се намалил за 1190
Во АД ЕСМ од почетокот на 2020 година до крај на 2023 година бројот на вработени се намалил за 1190, од кои над 76 проценти биле со работни места во производствениот процес, а над 23 проценти административни работни места. Најголем процент од оние кои заминале, соопштија денеска од АД Електрани на Северна Македонија, бил по […]
Што покажа најновата анкета на Советот на странски инвеститори?
Денеска во просториите на Стопанската комора, Советот на странски инвеститори ги презентираше наодите од најновата анкета. Притоа, во име на Советот се обратија Виктор Мизо, Никола Љушев и Волфанг Маер. Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија ги претставува интересите на 127 компании со странски капитал кои работат во различни сектори и […]
Над 3 милиони патници патувале преку двата македонски аеродрома заклучно со 16-ти декември 2023 година
Над 3 милиони патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, од први јануари заклучно со 16-ти декември 2023 година, објави ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми. Ова е важно достигнување за двата македонски аеродрома бидејќи го означува закрепнувањето на авиосообраќајот и на патничкиот сообраќај по пандемијата, […]
560 милиони евра за третата фаза од источниот дел на железничката мрежа на Коридорот VIII
ЕУ ја поттикнува модернизацијата на македонските железници за да се заврши поврзувањето на Коридорот VIII со бугарската граница Заедно со Владата на Северна Македонија, Европската Унија (ЕУ), нејзината банка – Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) најавија финансиски аранжман на Тимот Европа во вредност од 560 милиони евра за […]
САД првпат ја истакнуваат вештачката интелигенција како ризик за финансискиот систем
Финансиските регулатори во САД за првпат ја наведоа вештачката интелигенција (ВИ) како ризик за финансискиот систем. Во својот последен годишен извештај, Советот за надзор на финансиската стабилност (ФСОЦ) наведува дека зголемената употреба на ВИ во финансиските услуги е „ранливост“ за следење. Додека вештачката интелигенција нуди ветување за намалување на трошоците, подобрување на ефикасноста, идентификување посложени […]
Промоција на najdime.org.mk – веб страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца
Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици – […]