Даблин купи 22 возила за чистење од Брако
Градскиот совет на Даблин набави 22 возила од велешката фабрика БРАКО, кои ќе го чистат главниот град на Ирска. 16 од возилата се на класичен погон и 6 возила се на електричен погон, а градот се одлучи за моделот 400 ZE, машина со рачно управување, кој е еден од најпродаваните модели. Даблин ги избра возилата […]
Единаесетдневен новогодишен базар за поддршка на 52 современи македонски ракотворци
Започна најголемиот Новогодишен базар на првиот кат во Скопје Сити Мол за поддршка на 52 модерни ракотворци и ќе трае до 31 декември. Во духот на претстојните празници, посетителите ќе можат да ја доживеат предновогодишната магија и да подарат уникатни производи, изработени од креативци од цела Македонија. Деликатно направен избор на уметници, кои храбро конципираа […]
Елмас и официјално е нов играч на Лајпциг
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас успешно ги мина задолжителните медицински прегледи и потпиша денеска долгогодишен договор со германскиот прволигаш Лајпциг. Трансферот на Елмас од Наполи во Лајпциг, според медиумите, изнесува 25 милиони евра, плус еден милион евра во бонуси. Дваесетичетиригодишниот македонски репрезентативец се обврза на верност со Лајпциг до 2028 година. Елмас се сели во […]
Бесими: 50 милиони евра дополнителен капитал за домашните компании за поддршка на зелени инвестиции
Владата и Министерството за финансии овозможија пристап до нов дополнителен капитал од 50 милиони евра за домашните мали и средни претпријатија за своите инвестиции. Средствата ќе се пласираат преку Развојната банка на Северна Македонија, а до крајните корисници ќе бидат достапни преку деловните банки во земјата. Средствата се обезбедени преку Француската развојна банка, со која […]
Се одржа 49. сесија на Клубот на истражувачите
Во Народната банка се одржа 49. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Преглед на новиот калибриран модел на ДСГЕ за македонската економија“ од авторите Тибор Хледик, Јан Влчек, Јоана Маџоска и Мите Митески. Овој модел беше развиен во Народната банка, во рамките на проектот за техничка помош во соработка со […]
Полицијата изрече 202 санкции за брзо возење
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата во земјава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 202 возачи. Како што информираат од МВР ,од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се […]
Клиника Жан Митрев со едукација за здравствената заштита на спортистите
Тимот доктори од клиника Жан Митрев ги едуцираше спортските работници, претставниците на спортските сојузи, тренерите на клубовите и спортистите за здравствената заштита при постигнување врвни спортски резултати. На предавањето на тема „Добро здравје за врвни спортски резултати“ во организација на Клиника Жан Митрев се зборуваше за значењето на превентивната заштита, за симптомите на претренираност кај […]
Д-р Ирена Радовиќ е новата гувернерка на Централната банка на Црна Гора
Централната банка на Црна Гора од 19 декември и официјално има нов гувернер. Д-р Ирена Радовиќ е новата гувернерка Централната банка на Црна Гора. Таа ја презеде функцијата од досегашниот гувернер д-р Радоја Жугиќ. “Централната банка е регулатор и контролор и гарантира стабилност на финансискиот систем. Ветувам рамноправен и неселективен третман на сите учесници на […]
“Необичен ден“ ја остава публиката без здив и ја шири универзалната порака за прифаќање на разликите
Со бројна публика составена од деца и возрасни кои возбудено следат што се случува на сцената без да трепнат, неверојатна визуелна сценографија која остава без здив, многу игра, песна и забава и универзална порака што допира до сите присутни, поминуваат изведбите на музичко-театарската претстава „Необичен ден“. Големиот спектакл со мега-популарните ликови од „5+ фамилија“ и […]
Зачекорете во Новата година со нов Galaxy уред!
Новогодишната и празнична еуфорија тукушто не започнала, а со тоа и вашето размислување за добар подарок. Зошто да не ја започнете Новата година со нов Galaxy уред од Samsung кој со сигурност ќе ги исполни и ќе ги надмине вашите очекувања во поглед на дизајнот, перформансите и целото корисничко искуство? Полн погодок е телефонот Galaxy […]