Напредокот во еднаквите шанси за жените не е револуција, туку еволуција

Сара Лискер е претприемач во финансиската и правната област. Таа е коосновач и управен директор на првиот холандски финансиер на судски спорови, што работи со нивно финансирање низ Европа − Лискер (liesker.com). Долгогодишното практично искуство покажало дека многу случаи со висок потенцијал не се водат поради тоа што спротивната страна е премногу силна финансиски, па […]
Слога Пром е Златен партнер на Македонски Олимписки Комитет
Компанијата Слога Пром од Кавадарци е новиот стратешки и Златен партнер на Македонски Олимписки Комитет. Со потпишување на договорот за соработка во следниот период и на следните олимписки натпреварувања Слога Пром ќе ги поддржува македонските олимписки медалисти како и работата на комитетот на повеќе полиња. Договорот беше потпишан од Ласко Јованов, генерален менаџер на Слога […]
Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Месечно зголемување на просечната каматна стапка на вкупните депозити, при што во ноември таа изнесува 1,74%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи минимално месечно намалување во однос на претходниот месец и изнесува 5,48%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9AS/2023/Soopstenie_za_pecat_kamatni_stapki_2023_noemvri_mk.pdf
Почестете ги своите најблиски и дозволете им Новата година да ја започнат со БОНУС-CASHBACK
Празниците се можеби најубавиот потсетник, којшто дава поттик за поголем број на подароци и изненадувања во зимската сезона. Финансиските подароци се она, што најмногу ги радува младите, бидејќи придонесуваат за нивна финансиска независност, а и можност за самостојно раководење со сопствените средства. Шпаркасе Банка, на студентите корисници на „Vibe-on“ пакетот за млади, им обезбеди можност […]
Рудник САСА обезбеди празнични парични награди за сите вработени, пакетчиња за сите деца и пакети за лицата во социјален ризик во локалната заедница
И оваа година, рудникот САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување, со што вработените и сите членови на локалната заедница имаат можност да ги прослават претстојните празници во добро расположение. Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудник САСА повторно обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца во градинката и основното училиште во Македонска Каменица. […]
Стопанска банка ги пренамени средствата за новогодишна репрезентација за донација на гинеколошките клиники
Стопанска банка АД-Скопје одлучи дел од средствата наменети за новогодишна репрезентација и подароци за вработените, партнерите и соработниците, да ги пренамени за донација која ќе има големо значење за пошироката заедница. Донацијата е наменета за двете најголеми државни гинеколошки клиники, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (ГАК) и Специјалната болница за гинекологија и акушерство „Мајка […]
Квалитетна техничка документација – темел на инфраструктурни проекти за поразвиени локални заедници
УНДП со поддршка на Шведска и на Бирото за регионален развој го спроведува Фондот за техничка документација − инструмент за финансиска и техничка поддршка во реализација на инфраструктурни проекти на локално, меѓуопштинско и регионално ниво. Целиот прилог можете да го прочитате на следниот ЛИНК
Со едукација на основците за рециклирање на создадениот отпад, Макстил инвестира во екосвеста кај најмладите
Како дел од проектот на Макстил „Инвестираме во нашата планета“ се спроведе едукација на основците на тема „Учиме да се грижиме да ја заштитиме животната средина и да го намалиме и рециклираме создадениот отпад“. Вкупно 870 ученици од 8 основни училишта од Општина Аеродром, од технолозите и инженерите од Макстил учеа за опасностите од создадениот […]
Верификуван преводот на меѓународните сметководствени стандарди, како основен предуслов за нивно воведување и примена во земјава
Фондацијата за меѓународни стандарди за финансиско известување (IFRS) и официјално ја одобри македонската верзија на меѓународните сметководствени стандарди. Со ова, ИСОС – Институтот за сметководители и овластени сметководители успешно го заокружи процесот на превод на меѓународните стандарди за финансиско известување (МСФИ) и за финансиско известување за мали и средни субјекти (МСФИ за МСС), од англиски […]
ЕОС Матрикс: Силен развој на секундарниот пазар и нови можности за инвестиции во недвижности на повидок во 2024 година
Балканскиот регион, а со него и домашната економија имаат потреба од развој на секундарниот финансиски пазар за трансакции со нефункционални пласмани, односно пазарот за пренос на доспеани побарувања, особено преносот на нефункционални побарувања од банкарскиот сектор кон специјализираните компании кои инвестираат во оваа област. Развиениот длабок и ликвиден секундарен пазар ќе придонесе кон зајакнување на […]