Масутис: Прашање на време е кога грчките компании ќе ги препознаат добрите услови за повторно инвестирање во вашата земја
Северна Македонија и Грција се важни економски партнери. Присуството на грчкиот капитал кај нас е големо. Може ли во скоро време да очекуваме нови грчки инвестиции? Имате ли некакви информации да споделите со нас за тоа? Масутис: Несомнено, нормализирањето на односите меѓу нашите две земји е предуслов и ќе има позитивно дејство во правец на […]
Мукаетов: Нашите очекувања за 2024 година се да продолжиме по патеката на континуираниот раст
„Трендот на работење во отежнати економски услови кои беа актуелни во изминативе неколку години сосема е извесно дека ќе продолжи и во 2024 година. Доминантни предизвици беа инфлацијата и порастот на каматните стапки кои, сепак, според сите очекувања, би требало да влезат во зоната на стагнација, а можеби и благо опаѓање. Секако, безбедносните глобални кризи […]
Најголемите спортски настани во 2024 година
Во 2024 година најголемиот спортски настан ќе бидат Олимписките игри во Париз. Француската престолнина е втор град по Лондон кој е домаќин на три летни Олимпијади, откако претходно беше организатор на Игрите во 1900 и 1924 година. Најголеми спортски настани во светот во 2024 година: 12 јануари – 10 февруари: Азиски фудбалски куп (домаќин Катар)13 […]
Љушев: Наредната година е клучна за правилно да ги поставиме темелите на дигиталната етика
„Еден од најголемите предизвици е балансирањето на технолошкиот напредок со етичките норми и јавниот интерес. Тоа значи дека употребата на новите технологии, а особено на вештачката интелигенција, ќе треба да се регулира соодветно, и тоа што поскоро. Геополитичките конфликти ќе продолжат да ја продлабочуваат економската нестабилност и нееднаквост, што дополнително ќе влијае на зголемување на […]
Мојсоска-Блажевски: Сè ќе зависи од спремноста на новата влада да се справи со најголемиот проблем на економски и општествен план, корупцијата
„Очекувам година во која политиката ќе ја „надвладее“ економијата, пред сè поради претседателските и парламентарните избори во април, односно мај. Во периодот на функционирање на техничката влада не се носат значајни одлуки поврзани со економијата, не се имплементираат реформи, фокусот е на други области. Дотолку повеќе што често се предлагаат и се ветуваат економски нездрави […]
Светот во 2023: Секој втор новорегистриран автомобил во ЕУ е барем делумно електричен
Електричните автомобили сочинуваат речиси половина од сите новорегистрирани автомобили во Европската унија помеѓу јануари и ноември 2023 година. Во текот на ноември тој број се искачи над половина. Електричните возила – без разлика дали се целосно електрични модели, plug-in хибриди или целосни хибриди – учествуваа со повеќе од 47,6 проценти од сите регистрации на нови […]
Светот во 2023: Достигнувања и разочарувања од КОП28, очекувања од КОП29
Затворањето на 28-та Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP28) во Дубаи означи значаен пресврт во тековната битка против климатските промени. Конференцијата заврши со мешавина од достигнувања и нерешени предизвици во глобалните напори против климатските промени. КОП28 беше сведок на револуционерни случувања, особено на историскиот договор меѓу речиси сите […]
Од 1 јануари поскапува паркингот на скопскиот аеродром
Од 1 јануари поскапува паркингот на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што е објавено на официјалната веб-страница на аеродромот „Скопје“, остануваат истите цени од 100 денари за еден час, 150 денари за два часа и 200 денари за три часа. Поскапување за 50 денари има за паркирање на аеродромот над три часа, односно од 250 […]
ТОП 7 финансиски акроними
Функционирањето во денешниот деловен свет не подразбира само завршен факултет и стабилна работа од 8 до 16 часот. Современите корпорации бараат од своите вработени познавања кои тешко може да се стекнат преку студиските програми, а за жал сеуште не се доволно атрактивни за да станат популарни кај неформалните образовни институции. “Лесно” им е на ИТ […]
До АЕК годинава 386 барања за решавање спор, најмногу за високи сметки, квалитет на говор, интернет..
До Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во текот на годинава доставени се 386 барања за решавање спор за услуги што е на исто ниво како и минатата година. Претплатниците во најголем дел се жалеле на висока сметка, во 69 случаи, како и на квалитетот на услугите за говор и за интернет во мобилната телефонија, за […]