Економија и бизнис | 01 март 2024г.

Во бројот од 01 март 2024 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.

Мало отстапување на економскиот раст на САД

Наместо 3,3 отсто, како што покажуваа проценките објавени во јануари, обемот на БДП во најголемата светска економија порасна за 3,2 отсто на годишна основа. – Корекцијата главно ја одразува надолната ревизија на приватните инвестиции, соопшти американското Министерство за трговија. Стапката на економски раст на САД, во цела 2023 година, се задржа на 2,5 отсто, што […]

Црна Гора најавува ограничување на маржите за пет илјади производи!

Ограничувањето на маржите би оставило 2.500 работници без работа Околу 450 мали и средни претпријатија во Црна Гора не би можеле да опстанат, доколку се оствари најавата на Министерството за економски развој за ограничување на трговските маржи за речиси пет илјади производи, изјави Жељко Четковиќ, претседател на Здружението на мали продавници во Црна Гора. Четковиќ […]

Парното за деловните субјекти ќе поевтини за 35 отсто

Февруарските сметки за топлинска енергија за училиштата, деловните корисници, јавните институции ќе бидат пониски за 35 отсто, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија. Пониски сметки за парно ќе добиваат околу 1200 корисници приклучени на централното градско греење на ЕСМ снабдување, ЕСМ Енергетика и Скопје […]

АФПЗРР: Исплатени 5234 пчелари за директни плаќања за регистрирано презимено пчелно семејство

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја изврши исплатата на директните плаќања за регистрирани презимени пчелни семејства. -Корисници на оваа мерка се земјоделски стопанства кои поседуваат минимум 10 пчелни семејства и го оддржувале бројот на пчелни семејства до 30 ноември 2023 година. По овој основ се исплатени 5234 пчелари со вкупна […]

Како Galaxy AI на вашиот телефон ви ја зголемува продуктивноста?

Современето живеење сé поинтензивно е проследено со вештачка интелигенција. Во деловното работење, на пример, Chat GPT со молскавична брзина за многумина стана секојдневна алатка при извршување на работните задолженија, а новата серија на премиум телефони Galaxy S24 на почетокот од годинава се претставија со нови неверојатни функции со вештачка интелигенција создадени токму да го следат […]

Од утре се отвора единствениот пазар на труд во Отворен Балкан

Олеснување на вработувањето во Албанија, Србија и Македонија Отворањето на единствениот пазар за труд работниците од земјите од Отворен Балкан е револуционерен потег, изјави Марко Чадеш, претседателот на Стопанската комора на Србија. Од први март годинава, како што рече тој, граѓаните од Албанија, Македонија и Србија, преку поедноставувањето на постапката ќе можат да добиваат дозвола […]

Половина од вработените во БиХ работат во јавната администрација

Половина од сите работници во Босна и Херцеговина се вработени во државната и во јавната администрациј , покажуваат податоците на Светската банка во Босна и Херцеговина.Според податоците на Агенцијата за труд и вработување на крајот на ноември, во БиХ биле вработени вкупно 854.680 работници, што значи дека во јавниот сектор работат повеќе од 400.000 луѓе. […]

Советот на Народната банка: Промени кај задолжителната резерва заради натамошно јакнење на денаризацијата и долгорочното штедење

Советот на Народната банка, на вчерашната редовна седница, ја усвои Одлуката за задолжителна резерва, којашто предвидува сет од сеопфатни мерки главно насочени кон натамошна поддршка на процесот на денаризација во банкарскиот сектор и зголемување на долгорочното штедење во банкарскиот систем. Воедно, мерките овозможуваат и поедноставување, модернизација и усогласување на системот на задолжителна резерва со поставеноста […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,55 %

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците Годишен раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,79 п.п., при што во јануари таа изнесува 1,72%. Просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи годишен раст од 0,57 п.п. и изнесува 5,55%. Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците […]