Јапонија се подготвува да прогласи крај на дефлацијата

Владата на Јапонија ја разгледува можноста и официјално да прогласи крај на дефлацијата во земјата, пренесе агенцијата Кјодо, која се повикува на неименувани извори. Јапонската влада со ова на симболичен начин ќе објави дека е отстрането едно од главните тесни грла за раст на јапонската економија. Крајот на дефлацијата, односно завршување на периодот на намалување […]

Германскиот канцелар е против враќањето на нуклеарната енергија

Германија нема да се врати на нуклеарната енергија поради долгото време на изградба и високите трошоци, изјави во понеделникот германскиот канцелар Олаф Шолц. – Ако некој реши сега да изгради нуклеарна централа, таа ќе биде готова за 15 до 20 години, според сегашниот распоред за изградба. Дотогаш треба да ги решиме сите наши проблеми поврзани […]

Повлечени половина од барањата за поставување на сончеви колектори

Капацитетот на производството на електрична енергија во Србија значително е намалено од ноември 2023 година, до февруари 2024 година, од 21,5 гигавати на 11,1 гигават. Најголемо намалување има кај производството на струја од соларните колектори со регистриран пад од 7,9 отсто, а капацитетот на ветерните електрани е намален за 2,6 гигавати. – Главната причина за […]

Во Црна Гора има 23 физички лица со депозит од над милион евра

Најбогатиот штедач во Црна Гора е нерезидент и орочил 26,5 милиони евра, соопштија од Централната банка на Црна Гора, на новинарското прашање за тоа кој е најголемиот депозит на крајот од 2023 година. На крајот на минатата година 23 физички лица имале орочен депозит во износ од над милион евра. Во текот на изминатата година […]

Година на луди избори – 2024 година

Како никогаш досега во историјата оваа година дури две милијарди луѓе во 50 земји ќе се појават пред гласачките кутии да ги изберат своите претставници во парламентите или претседателите на државите. Клучното прашање е дали демократијата ќе победи или ќе почне лизгање кон автократијата. Не е само Македонија, туку речиси половина од светската популација во […]

Колку вистински чини куќа на Сицилија купена за едно евро?

Акцијата Куќа за 1 евро во Италија се спроведува неколку години, а во медиумите веќе се споделуваат искуства од купувачите, кои ја искористиле оваа поволност да имаат дом од соништата. Кон крајот на 2010 година градовите ширум Италија продаваа трошни куќи за едно евро. Целта беше да се привлечат странците кои би ги обновиле куќите, […]

Пократска скијачка сезона за словенечките зимски центри

Скијачките патеки на Крањска Гора утре ќе бидат затворени поради топлото време, а проблеми со недостиг на снег за скијање имаат и другите зимски центри во Словенија. Невообичаеното високи температури за ова време од годината ги разнишаа плановите на скијачките центри да ја надоместат лошата посетеност во првиот дел од зимската сезона. Скијалиштето Церкна веќе […]

Македонија2025 доделува стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Исклучителна можност за врвна едукација на македонските извршни директори и менаџери преку менторство, вмрежување и практично учење Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност […]

Земјоделците во Индија бараат гарантирани цени за 20 култури

Индиските земјоделци за среда најавуваат протестен марш до главниот град Њу Делхи, изјави Јагјит Синг Далавел, лидерот на незадоволните земјоделци. Земјоделците на протестот ќе пристигнат со возови, автобуси и авиони од сите градови на Индија. Маршот ќе биде организиран по неколку рунди неуспешни преговори за барањата на земјоделците за зголемување на откупните цени на засеаните […]

Швајцарците на референдум си изгласаа да добиваат 13-та пензија!

Граѓаните на Швајцарија на вчерашниот референдум го поддржаа предлогот за воведување на 13 пензија, поради загриженоста за зголемените трошоци за живот. Според прелиминарните податоци, 58 отсто од гласачите го поддржаа предлогот за исплата на дополнителна пензија, додека 42 отсто биле против, пренесе Ројтерс. Зголемувањето на пензиите, односно воведувањето на 13-та пензија, го предложија Швајцарскиот сојуз […]