Од денеска започнува пријавувањето за јубилејното 20. издание на Виз Ер Скопски Маратон
На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски Маратон. Пријавувањето започнува денеска, 28.03.2024 во 9.00 часот и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани. Учесниците на маратон и […]
Еврозоната со суфицит во платниот биланс
Суфицитот во платниот биланс во еврозоната во јануари достигна 39 милијарди евра, а во декември тој изнесуваше 32 милијарди, објави Европската централна банка. Суфицитот на платниот биланс на еврозоната за годишниот период до јануари 2024 година изнесува 294 милијарди евра, што претставува два отсто од БДП на еврозоната. Во истиот период пред една година во […]
Економијата на Германија подложна на циклични промени
Германската економија покажува циклични и структурни слабости и националниот бруто домашен производ годинава ќе порасне за само 0,1 отсто, Во третиот квартал годинава се очекува раст на БДП од 1,3 отсто покажува најновата прогноза за водечките германски институти. – Цикличните и структурни фактори се поклопуваат со спориот економски развој. Заздравувањето на економијата ќе почне оваа […]
Среброто станува побезбедно средство за инвестирање
Среброто станува попривлечно средство за инвестирање поради својата достапност во однос на златото, кое бележи високи берзански цени во последните месеци. Покрај пристапната цена, среброто има и поголема употребна вредност во современата индустрија посебно во зелените технологии. Очекувањата на експертите за 2024 година се дека цената на среброто ќе расте поради зголемената побарувачка од различните […]
(Галерија) „АЛКАЛОИД“ пушти во употреба нов капитален проект вреден 19,4 милиони евра
Новите капацитети за производство на цврсти фармацевтски форми, со површина од 6.200 м2, се најкрупниот инвестициски потфат на компанијата во изминативе две децении Во насока на посветеноста за постојана модернизација и за проширување на производствените капацитети, производствените волумени и на асортиманот, „Алкалоид“ АД Скопје ја комплетираше реализацијата на својот најголем инвестициски потфат во последните две […]
200 лица едуцирани во Глобалната недела на парите
Преку постојано одржување обуки и други активности за финансиска едукација и зголемување на свесноста на населението за нејзиното значење, Народната банка придонесува кон подигнувањето на нивото на финансиската писменост во земјава. Минатата година со процесот на финансиска едукација беа опфатени 1.644 лица − ученици од основното и средното образование, студенти, деца од предучилишна возраст, ученици […]
Македонија2025 доделува стипендии за четвртиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност
Македонија2025 со задоволство ве информира дека е отворен повик за доделување стипендии за четвртиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 7-13 јули 2024 година во Охрид. Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална […]
Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село
Макстил е новиот стратешки партнер на СОС Детско село и станува клучен поддржувач на една од згрижувачките куќи, која ќе го носи името на компанијата. Со потпишувањето на договорот меѓу компанијата иорганизацијата, Макстил започнува стратешка соработка со СОС Детско село, а кумството на куќата ќе значи поддршка на петте деца заедно со нивната згрижувачка. Донацијата […]
Годишно присилната работа во светот генерира 236 милијарди долари
Новото истражување за присилна работа во приватниот сектор во светот регистрира висок пораст на незаконската заработувачка од 37 отсто во однос на 2014 година и таа генерира 236 милијарди долари годишно. Според анализата на Меѓународната организација на трудот ИЛО вкупната добивка од присилната работа порасна за 64 милијарди американски долари, што е поттикнато од зголемениот […]
Србите јадат помалку леб, а повеќе пецива и тестенини
Граѓаните на Србија во периодот од 2006 до 2022 година ја намалиле потрошувачката на леб за половина. Секој жител годишно консумира 48 килограми леб, додека пред петнаесеттина години јаделе по 91 килограм. Намалувањето на потрошувачката на леб се должи на падот на бројот на жители во Србија, но и на промената на нивните навики, објави […]