Цената на златото достигна историски максимум
Цената на златото достигна нов рекорд што се должи на зголемениот геополитички ризик на Блискиот Исток и слабеењето на вредноста на американскиот долар и јапонскиот јен. Во средата цената за една унца порасна за 0,74 отсто на 2.296,61 долари, за да се искачи на историскиот максимум од 2.298,91 долари. Последните денови цената на златото се […]
Судејќи по политиката – економски нè чека тешка 2024 година
Од која-годе страна на светот да се анализира, навистина ништо добро не може да очекуваме во 2024 година. И оние малку позитивни прогнози на врвните светски економски авторитети оставаат голем простор за евентуална грешка предизвикана од нови уште поголеми политичко-безбедносни потреси кои, повеќе од сигурно, ќе се случат Ако веќе сигурно согледаме дека економијата е […]
Рекордно ниво на вработеност во приватните компании во САД
Приватните компании во САД во март вработиле 184.000 нови работници, што е најголемо ниво на вработеност од минатото лето, објави денеска американскиот Институт за обработка на податоци АДП. Резултатите во март покажуваат дека се најголем месечен раст на вработувањето, наспроти очекуваниот поскормен раст. Минатиот месец во секторот на услуги биле отворени 142 илјади нови работни […]
Јапонија ги засилува вложувањата во новата генерација на чипови
Јапонија одобри 3,9 милијарди долари за субвенционирање на домашна стартап компанија за реализација на амбициозните планови за развој на производството на чипови. Со оваа финансиска помош Јапонија сака да ја зајакне својата позиција на глобалниот пазар за полупроводници. Министерот за економија Кен Саито го нагласи значењето на новата генерација на чипови за иднината на јапонската […]
Управување со средства и обврски (АЛМ) − стратегија и предизвик
Управување со средствата и обврските (АЛМ) е практика која ја користат финансиските институции за усогласување на финансиските ризици што произлегуваат од несовпаѓањето на средствата и на обврските. Со стратешко совпаѓање на средствата и на обврските, финансиските институции можат да постигнат поголема ефикасност и профитабилност, истовремено намалувајќи го ризикот. АЛМ е координиран процес кој го надгледува […]
Иницијатива во ЕУ за ограничување на извозот на половна облека
Половната облека од ЕУ завршува во земјите од Африка Минатиот месец Франција предложи до Европската Унија да се забрани извозот на користена гардероба, со образложение дека може да ја загади животната средина во земјите увозници. Во случај да не се продаде оваа облека таа завршува на депониите. На француската иницијатива се придружија Данка и Шведска […]
Макстил го промовира и поддржува концептот на циркуларна економија преку проектот на M6 едукативен центар и Хелветас
Од старо користено железо, без црпење природни ресурси, со преработка на начин којшто го минимизира влијанието врз животната средина и со добивање производ од секундарна суровина, Макстил целосно ја применува циркуларната економија. При примената на овој бизнис модел, Макстил во процесот на производство речиси целосно го елиминира индустрискиот отпад со повторна употреба на отпадниот материјал […]
Долгата сенка на Хутите врз светската економија
Нападите на бунтовниците од Јемен врз бродовите во Црвеното Море ги натераа превозниците на контејнери со нафта да се пренасочат на рутата околу ‘Ртот Добра Надеж. Тоа ја зголемува должината на патувањето, ги зголемува трошоците, ги зголемува премиите за осигурување и, најпосле, ќе ги зголеми цените на производите на полиците во продавниците. Прво за фактите. […]
Успешно завршија „Деновите на македонската литература“: Катедрата за македонска книжевност и култура ќе ја унапреди соработката со сродните катедри од странските универзитети
Катедрата за македонска книжевност и култура ќе ја унапреди соработката со сродните катедри од факултетите на странските универзитети. Со заедничка цел и заеднички вложувања за афирмација на книжевните вредности и на македскиот збор. Странските македонисти подаваат рака кон своите македонски колеги со идеи и подготвеност за заеднички проекти, гостински предавања и проширување на можностите и […]
ФИЛОЗОФИЈА: Вивикананда и Тесла
Современата популарна и научна литература изобилува со податоци за потеклото на Никола Тесла (Смиљан, Лика 1856 – Њујорк 1943), за животот и делата, за неговото образование, школувањето во Грац на Политехничката школа, за престојот во Париз, во САД, за неговите исклучителни способности и таленти како на пример фактографската меморија, за визионерскиот и генијален ум кој […]