Силен раст на патничкиот авионски сообраќај во светот

На аеродромите во светот минатата година поминале околу 8,5 милиони патници, што е зголемување за 27,2 отсто во однос на 2022 година. Заздравувањето на авионскиот патнички сообраќај влијаеше на промени во редоследот на најпрометните аеродроми, но на прво место останува аеродромот во Атланта, објавија од Меѓународниот совет на аеродроми (АЦИ). Сепак, бројот на патници во […]

Централната банка на Турција забележа загуба од 25,25 милијарди долари

Централната банка на Турција 2023 година заврши со загуба 818 милијарди лири, односно 25,25 милијарди долари, кои се должат на програмата за заштита на депозитите. Оваа програма започна во 2021 година за да се спречи падот на вредноста на турската лира што ги поттикна граѓаните да штедат во странски валути и во злато. Централната банка […]

Министрите за финансии на ЕУ го стартуваа Планот за дејство на групацијата ЕИБ за и понатаму да ја засилуваат поддршката за индустријата за безбедност и одбрана на Европа

Групацијата на Европската инвестициска банка (Групацијата ЕИБ) ќе ги ажурира своите политики и работната рамка за кредитирање во индустријата на безбедност и одбрана. Ова вклучува ажурирање на дефиницијата за стока со двојна употреба и инфраструктурата, како и поддршка за мали и средни претпријатија (МСП) и стартапи и посветеност да се забрза распределбата на средства за […]

Хрватска добила 20 милијарди евра од Програмата за отпорност од Европската комисија

Европската комисија ја информираше Хрватска за исплатата на четвртата транша во износ од 162,5 милиони евра бесповратни средства, во рамките на Механизмот за опоравување и отпорност. Со оваа уплата, како што изјави хрватскиот премиер, во буџетот на Хрватска се уплатени 20 милијарди евра од европските фондови, вклучително и средствата од Оперативната програма за Конкурентност и […]

„Алкалоид“ АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари

Со оваа донација ќе се помогне лекувањето на околу 200 деца – пациенти на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле Како континуиран поддржувач на македонското здравство и фармација, „Алкалоид“ АД Скопје донира дел од своите производни количини на иновативнaта формулација на „Омепразол“ во течна […]

Макстил со поддршка за младите девојки во инженерските професии

За создавање на врвни професионалци во техничките науки неопходно е практично искуство, посочи во своето обраќање пред младите девојки инженерки (Global Engineer Girls), генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска. „Мотивирањето за одење напред и надградување на себеси треба да произлезе од самите вас, а изборот на науката, технологијата, математиката и инженерство веќе ве дефинира како […]

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општините Свети Николе и Ново Село стануваат дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во рамки на кампањата, во основните училишта под нивна надлежност ќе се одржат работилници за булинг овозможени од „Макпетрол“, а кои што ги предводи психолог со опсежно искуство со проблемот. Компанијата и двете општини потпишаа меморандуми за соработка. За учениците, како […]

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Втора година по ред, Групацијата Лимак, преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG) доделува 20 стипендии на девојки и млади жени кои студираат на електротехничките, машинските, градежните и факултетите за компјутерски и информатички науки на државните универзитети во земјава. Студентките кои ќе учествуваат во втората година од програмата на GEG беа избрани на основа на нивните […]

Медитеранските земји со највисоки цени на храната во ЕУ

Малта, Грција, Шпанија и Хрватска имале најголем раст на цените на храната во земјите од ЕУ покажуваат податоците на Евростат. Растот на цените на храната во февруари годинава во однос на истиот месец лани изнесувал 2,7 отсто во Европската Унија и 3,1 отсто во земјите од еврозоната. Највисок раст на цените на храната е забележан […]

Мал раст на индустриското производство во ЕУ во февруари

Ирска забележа најсилен пад на индустриското производство Индустриското производство во Европската Унија во февруари годинава покажува знаци на стабилизирање, по падот од три отсто на почетокот на годината. Индустриското производство во еврозоната и Европската Унија е зголемено во февруари за 0,8 односно 0,7 отсто во однос на претходниот месец, се наведува во извештајот на Европскиот […]