Германските компании со намалени инвестициски очекувања

Германските компании планираат да ги намалат инвестициите во 2024 година, а индексот кој ги мери инвестициските очекувања на германските компании во март е намален на минус 0,1 поен, за разлика од ноември минатата година кога изнесуваше 1,2 поена, се заклучува во извештајот на Институтот за економски истражувања ИФО во Минхен. – Глобалната побарувачка за капитални […]

Просечната плата во февруари во Хрватска изнесува 1.248 евра

Во Хрватска просечната нето плата исплатена во февруари годинава е 1.248 евра. Номиналниот износ на февруарската плата е повисок за 12,8 отсто, а реално за 8,4 отсто во однос на истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Медијалната нето плата изнесувала 1.044 евра, а под оваа граница се половина вработени во Хрватска. Највисоката […]

Колкава дивиденда ќе поделат акционерите на „Тетекс“?

Собранието на акционери на „Тетекс“ донесе одлука за распределба на добивката за 2023 година кој по оданочувањето изнесува 94,29 милиони денари. Таа ќе биде распределена за следниве намени: 4,7 милиони денари за закнонски резерви на друштвото, 44,86 милиони денари за дивиденда и 44.7 милиони денари останува како нераспределена добивка. Со оваа одлука која е доставена […]

Во март: Годишен раст од 9,3% на вкупните депозити и од 6,1% на вкупната кредитна поддршка

Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити се зголемени за 9,3%, поради повисоките депозити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,1%, којшто се должи на повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на секторот домаќинства. Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на: https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2024/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2024_mart_mk.pdf

Европа е изложена на 36 климатски ризици

Европскиот континент се загрева двапати побрзо од просекот на сите континенти, а тоа ја загрозува енергетската и прехранбената безбедност, екосистемите, водените ресурси, финансиската стабилност и здравјето на луѓето, објави Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Во нивната прва струдија за процена на климатските ризици во Европа се идентификувани 36 ризици групирани во пет кластери: екосистеми, […]

Вештачката интелигенција во фокус: Новата линија на иновативни апарати за домаќинство од Samsung е во продажба

Новите уреди, кои ја следат филозофијата на неопходното, иновативното и хармоничното, се издвојуваат по својата функционалност, естетика и високиот приоритет на заштеда на електрична енергија. Компанијата Samsung Electronics денеска за прв пат на нашиот пазар претстави нови уреди од категоријата бела техника кои се веќе достапни за купување, но и дискретно најави нови ТВ приемници […]

За една година сточниот фонд во Хрватска бележи голем пад

Хрватските сточари со помалку молзни крави, говеда, овци… Во текот на 2023 година во Хрватска има намалување на бројноста на говедата, молзните крави, свињите, козите овците и во живинарството, објави Државниот завод за статистика. Лани вкупниот број на говеда во споредба со 2022 година е намален за 1,7 отсто. Минатата година продолжил надолниот тренд на […]

Италија мора да го прилагоди буџетскиот дефицит

Меѓународниот монетарен фонд предлага за Италија прилагодување на буџетот кој би водел кон одржливо намалување на јавниот долг на државата. – Италијанскиот јавен долг е висок и потребно е прилагодување на државниот буџет за да се намали. Италија е напредна економија со зголемен долг. Тоа е земја во која традиционално постои загриженост за пазарот за […]

Фискални совети
(прв дел)

Кога се зборува за политичарите, веројатно, првото нешто на кое помислуваме е нивната неодговорност изразена низ склоноста кон преголемо трошење. Така, на пример, вкупниот јавен долг на земјите членки на ОЕЦД во 1970 година изнесувал 40 % од бруто-домашниот производ (БДП), а во 2021 година достигнал неверојатни 120 %! Се разбира, постојат повеќе различни причини […]

Германската економија избегна рецесија во првиот квартал

Германската економија во првите месеци од годината постигна резултати кои се над очекувањата. Реалниот бруто домашен производ во првиот квартал најверојатно ќе покаже благо зголемување, оценува Бундесбанк во својот најнов месечен извештај. Претходно економистите проценуваа блага рецесија. Меѓутоа како што соопшти германската централна банка „се уште нема знаци за одржливо заздравување на економијата“. Во последниот […]