ЕУ воведува поголема заштита на купувачите во случај на дефект на апаратот во гарантиот рок

Купувачите можат да избираат меѓу замена за нов производ или поправка Европската Унија официјално ја усвои новата директива за правото на поправка на апаратите и новите правила треба да го потикнат луѓето да ги поправаат купените производи наместо да купуваат нови. За директивата за право на поправка на апаратите гласале 584 пратеници, тројца биле против, […]

Австралија, САД, Канада, Велика Британија и Германија се најпосакувани земји за вработување

Австралија, САД, Канада, Велика Британија и Германија се најпосакувани земји за вработување. Во анкетата која била спроведена меѓу 150.000 работници во 188 држави во светот, Германија е на петто место за најпопуларни земји за барање нова работа и прва во која не се зборува на англиски јазик. Но затоа вработените лица во Германија не сакаат […]

Унгарија ја намали референтната каматна стапка

Националната банка на Унгарија ја намали референтната на 7,75 отсто. Годишната стапка на инфлација во Унгарија во март се намали на 3,6 отсто, во однос од февруари кога изнесуваше 3,7 отсто. Инфлацијата во март е на најниско ниво од февруари 2021 година, објави Централниот завод за статистика на Унгарија. Цените на храната во март се […]

Американците немаат можност да штедат за периодот по пензионирање

Една четвртина од возрасните лица во Соединетите Американски Држави кои се постари од 50 години не веруваат дека некогаш ќе се пензионираат, а 70 отсто од нив се загрижени дека цените растат побрзо од нивните приходи, покажало истражувањето на Американското здружение на пензионери, пренесува АП. Еден од четворица испитаници изјавиле дека немаат заштедено за периодот […]

Нови проекти за развивање на вештини ќе бидат финансирани од Регионалниот фонд за предизвици во Северна Македонија

Установите за стручно образование и обука добија грантови за програми за обука кои ќе се спроведуваат заедно со македонските претпријатија На церемонија организирана од Регионалниот фонд за предизвици во Скопје, Комисијата за избор одлучи да ги финансира двата најуспешни проекти од Северна Македонија. Фондот поддржан од Германија и Швајцарија неодамна ги објави добитниците во третиот […]

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Производите за 2024 година нудат уште повисоко ниво на домашна забава со напредни процесори и моќни функции базирани на вештачка интелигенција Samsung Electronics детално ја претстави својата линија на телевизори и soundbar-звучници на овогодишниот настан Unbox & Discover, вклучувајќи ги најновите Neo QLED 8K и 4K и OLED телевизори и soundbar-звучници. Понудата на Samsung, како […]

Колку се просечните плати во Словенија, Хрватска и Србија?

Просечната нето плата во Словенија во февруари годинава изнесувала 1.449 евра и е помала за 1,9 отсто, а реално за 2,7 отсто во однос на јануари годинава. Во споредба со февруари минатата година, просечната номинална плата во во Словенија е повисока за 4,1 отсто, а реално за 0,7 отсто, објави словенечкиот Завод за статистика. Во […]

Туристите во Хрватска трошат четири пати помалку отколку во Франција

Хрватскиот туризам се соочува со ограничување на натамошниот раст, предупредуваат од Хрватското здружение на работодавачи. Хрватска има само 15 отсто од креветите во хотелското сместување. Во Грција во хотелите располагаат со 71 отсто од вкупниот капацитет на креветите, Италија располага со 43 отсто и во Шпанија 53 отсто од креветите се во хотелски капацитети. Поради […]

Германија се залага за поголема интеграција на капиталот во ЕУ

Претседателот на Германската централна банка Јоаким Нагел го повика Берлин да го забрза процесот на европската интеграција кој се однесува на поголемо здружување на капиталот во Европската Унија. Првиот човек на Бундесбанката нагласи дека таквата унија би требало да биде еден од главните цели на новата извршна власт на Европската Унија, по изборите за новиот […]

Турција, Ирак, ОАР и Катар ќе го градат „новиот пат на свилата“

Турција, Ирак, Обедниетите Арапски Емирати и Катар во понеделникот потпишаа писмо за намери за воспоставување на нов сообраќаен коридор кој ќе се состои од мрежа на патишта и железнички пруги со кој ќе се поврзе Персискиот Залив со Медитеранот. Овој документ бил потпишан од четирите земји при посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во […]