Women in Business – уникатен бизнис пакет од ПроКредит Банка и ЕБОР за поддршка на жени претприемачи

Препознавајќи ги предизвиците со кои се соочуваат жените во бизнисот, ПроКредит Банка воведесеопфатен бизнис пакет создаден да го зацврсти и поддржи растот на малите и средни претпријатија коишто се управувани од жени или се во нивна сопственост. Програмата Women in Business е креирана во соработка помеѓу ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој […]

Колку ќе изгуби Германија доколку ја напушти Европската Унија?

Германија би претрпела голема економска штета доколку ја напушти Европската Унија. Излегувањето од ЕУ ќе предизвика тешка економска криза и трајна загуба за просперитетот на германското население, се наведува во извештајот на истражувачите од Германскиот економски институт (ИВ). Крајната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД) се залага за делумно „реорганизирање“ на европската интеграција. Според нивното […]

ММФ: Вештачката интелегенција ги погодува 40 отсто од работните места

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд Кристалина Георгиева предупреди дека влијанието на вештачката интелегенција ќе се одрази на 40 отсто од работните места во светот. На неодамнешниот собир во Цирих, Георгиева ја изнесе оцената на ММФ дека вештачката интелегенција ќе влијае на 60 отсто од работните места во развиените економии и 40 отсто од работните места […]

Георгиева-Јовевска избрана за една од најуспешните жени менаџерки во земјата

Д-р Јелисавета Георгиева-Јовевска, потпретседателка на Стопанската комора и советничка во Кабинетот на претседателот на Комора за економски развој и инфраструктура, е една од наградените на манифестацијата „Најуспешни жени менаџерки за 2024“, организирана од агенцијата „Марили“. На свеченото доделување на наградите, што синоќа се одржа традиционално по 28-ми пат, статуетката „Жена водилка“, покрај Георгиева-Јовевска, ја добија […]

Висок скок на продажба на нови автомобили во Србија

Во првите четири месеци годинава продажбата на нови патнички автомобили во Србија се зголемила за 30,4 отсто во споредба со истиот период лани. Во овој период се продадени 9.713 возила. Зголемување на продажбата има и кај мотоциклите со пораст од 66,5 отсто во однос на минатата година, објави „Новости“. – Пазарот на автомобили се загрева […]

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В недела, на 19 мај годинава, по 12-ти пат ќе се одржи спортската манифестација „Sparkasse Life Прв до врв“ – најмасовното планинско искачување во регионот, во организација на здружението за спорт и рекреација „ПРВ ДО ВРВ“ и Шпаркасе Банка АД Скопје, како главен спонзор. На овој традиционален спортски настан на Водно ќе се натпреваруваат 4.000 […]

Цената на среброто достигна највисоко ниво во последните десет години

Трендот на растот на цената на златото на светските берзи е проследен и со растот на цената на среброто. Цената на златото од почетокот на годината е зголемена за 15 отсто, а на среброто за 20 отсто. Во изминатите 25 години цената на среброто е во постојат пораст и е повисока за 575 отсто. Моменталната […]

ЕЦБ: Финанскиската стабилност на еврозоната се подобрува

Финансиската стабилност во еврозоната се подобрила поради помалиот ризик од рецесија, но пазарите и натаму се изложени на можни негативни макрофинансиски и геополитички изненадувања, се наведува во објавениот мајски Преглед за финансиската стабилност на Европската централна банка (ЕЦБ). На финансиската стабилност на еврозоната позитивно влијаело подобрувањето на економските изгледи, падот на инфлацијата и враќањето на […]

Европската комисија ја намали економската прогноза за Германија

Европската комисија повторно ја намали прогнозата за растот на германската економија за годинава. Според новиот извештај на ЕК, бруто домашниот производ на Германија за 2024 година ќе расте со стапка од 0,1 отсто. Економистите причините за нискиот раст на германската економија ги гледаат во слабата надворешна побарувачка, воздржаноста кај домашната потрошувачка и недоволните инвестиции, пренесува […]

Хрватска ќе воведе даночни олеснувања за враќање на иселениците

Во програмата на Владата на Хрватска за периодот 2024-2028 година ќе бидат вградени предлозите на Домовински покрет за даночното олеснување за хрватските иселеници кои сакаат да се вратат во земјата. – Со мерките на фискалната политика ќе ги поттикнуваме враќањето на хрватските државјани во Хрватска. За лицата кои непрекинато престојувале во странство најмалку две години […]