Уништување на пасиштата е опасност за светското производство на храна

Деградацијата на пасиштата во светот поради нестручна и преголема употреба, климатските промени и намалување на биодиверзитетот, претставуваат голема опасност за производството на храна и голем дел од населението ги става во ризик на глад, се наведува во извештајот на Конвенцијата за борба против дезертификација во ОН. Пасиштата во кои влегуваат и тундрите и површините под […]

Иран го зголемува дневното производство на нафта

Иран планира да го зголеми производството на нафта на четири милиони барели дневно од сегашните 3,6 милиони барели. Иран во првиот квартал на 2024 година во просек извезуваше 1,56 милиони барели дневно, пренесува „Ројтерс“. Минатата годин а Техеран во просек извезуваше 1,29 милиони барели дневно, што е зголемување за 50 отсто во однос на 2022 […]

БИЗНИСОТ СО ГРЦИЈА, СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ СО МИЗО И СТАРТОТ НА НОВАТА ВЛАДА

И минатиот пат констатиравме и сега повторуваме дека после изборите работите добиваат на интензитет. Минатата недела беше ефикасна на секаков план. Но, оваа што претстои најавува нови активности од интерес за компаниите. На 29 и 30 мај Коморскиот инвестициски форум во Солун го организира Третото издание на Коморската академија, наменета за искуства и најдобри практики […]

Српските овоштари ја одредија дневницата за берење малини

Бербата на малини во западна Србија ќе започне за еден месец, а овоштарите се подготвени да платат дневница за сезонските работници од пет до шест илјади динари. Одгледувачите на малини во Србија се жалат за недостиг на квалитетни работници за претстојната берба, која се проценува да биде послаба во однос на минатата година. Причината е […]

Германците имаат ново мото за годишен одмор

Германците патуваат многу повеќе од порано, а речиси 80 отсто од германските граѓани постари од 14 години заминуваат барем на еден одмор во текот на годината. Потрошувачката за туристичките патувања е зголемена од 73 милијарди евра во 2019 година на 87 милијарди евра во 2023 година. Германците за патување одвојуваат околу седум отсто од нето […]

Хрватските компании имаат период за прилагодување на кибернетската безбедност

Хрватските компании до есента 2025 година треба да се усогласат со новиот Закон за кибернетска безбедност, со чија примена треба да се зајакне безбедноста и отпорноста на вкупната економија, порачуваат од Хрватската стопанска комора. Законот за кибернетска безбедност во Република Хрватска е усвоен во февруари годинава и речиси сите компании имаат период од 18 месеци […]

Во САД има најмногу корисници на крипто валути

Во 2024 година вкупно 88 милиони граѓани во САД ќе користат крипто валути за плаќање на производи и услуги, за инвестирање, тргување и за трансфери. Ова е за 15 милиони лица повеќе од минатата година, покажуваат податоците на порталот „Статиста“. Годинава, во САД ќе има најголем број на корисници на крипто валутите во светот. Следува […]

Србија го зголемува извозот на козметички производи

Србија минатата година го зголеми извозот на козметички производи за речиси 40 отсто во однос на 2022 година. Вкупната вредност на извозот лани изнесувал 80,3 милиони евра, а за последните пет години извозот на домашната козметичка индустрија изнесувал 278 милиони евра, изјави Бојан Станиќ, од Стопанската комора на Србија. Србија извезува козметички производи во повеќе […]

Венецуела отвора нови нафтени платформи

Венецуела планира до декември 2024 година да го зголеми дневното производство на нафта на 1,23 милиони барели, што е раст од почетокот на годината за околу 290.000 барели дневно, соопштија од владата на Венецуела. Министерот за нафта Педро Телечеа изјави дека ваквиот развој на настаните е очекуван по поставувањето на новите платформи за бушење на […]

ММФ: Богатите мигранти ја подобрија црногорската економија

Црногорската економија во 2023 година забележа раст од шест отсто, како резултат на силната потрошувачка, приходите од туризмот и финансиските приливи од имотните Руси и Украинци. Невработеноста во Црна Гора е намалена на рекордно ниско ниво, а инфлацијата е значително намалена во однос на 2022 година, кога го достигна максималното ниво, се наведува во Извештајот […]