Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

Над 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка – АД Скопје го организира по осми пат. Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание […]

Семеен ден на Макстил со децата поддржани од СОС Детско село

На традиционалниот семеен ден на Макстил годинава се приклучија 20 згрижувачки семејства со 60тина деца од СОС Детското село. Од оваа година Макстил стана нов стратешки партнер на СОС Детско село и зеде под закрила една од згрижувачките куќи, обезбедувајќи целосно покривање на трошоците за пет деца и нивното згрижување во текот на цела година. […]

Учениците од Крива Паланка ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

Работилници овозможени од „Макпетрол“ ќе се организираат и во Крива Паланка во рамки на општествено одговорната кампања на компанијата. Учениците од оваа општина ќе бидат дел од едукативни средби на кои што за различните аспекти на булингот ќе разговараат со психолог со искуство во проблематиката. Знаењата споделени на овие работилници се наменети и за наставници, […]

Ликовен конкурс за млади сликари како дел од „Вевчански видувања“

Во рамките на „Шп-арт-клуб“, Шпаркасе Банка АД Скопје и Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ објавуваат: КОНКУРС за млади сликари 2024 Шпаркасе Банка АД Скопје објавува конкурс за млади уметници од државата, на возраст од 18 до 23 години, охрабрувајќи ги да бидат дел од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. Колонијата ќе се одржи во Вевчани […]

Индиската економија забележа силен раст

Индиската економија во првите три месеци годинава пораснала за 7,8 отсто, благодарение на високата активност во индустријата. Индустријата во Индија бележи континуиран раст во последната година. Во првиот квартал годинава забележа раст за 8,9 отсто во однос на истиот период лани. Во периодот од октомври до декември индустријата имала раст од 11,5 отсто. Во земјоделскиот […]

Српските туристи во автобусите можат да носат само еден куфер!

Српските туристи кои на одмор ќе патуваат со автобус преку агенции , од вчера, ќе можат да носат само еден куфер. Според новите правила, еден патник може да понесе багаж до 23 килограми. Ова правило не е обврзувачко и донесено е во договор со агенциите, поради проблемите на превозниците кои трпеа штети на возилата со […]

Пензионерите во Исланд примаат највисоки пензии

Највисоката просечна месечна пензија во земјите од Европа ја примаат граѓаните на Исланд и изнесува 2.762 евра. Просечната месечна пензија на ниво на Европската Унија е 1.294 евра. Меѓу десетте земји со највисока просечна пензија се: Луксембург (2.575 евра), Норвешка (2.438), Данска (2.417), Швајцарија (2.138), Австрија (1.962), Холандија (1.931), Ирска (1.906), Шведска (1.838). ) и […]

Инфлацијата во еврозоната во мај порасна на 2,6 отсто

Годишната инфлација во еврозоната се очекува да биде 2,6 отсто во мај 2024 година, што е зголемување во однос на април кога изнесуваше 2,4 отсто, покажуваат прелиминарните проценки на Евростат. Прелиминарните податоци за мајската инфлација во еврозоната го покажуваат првото забрзување на индексот на потрошувачките цени во тековната година, што може да биде проблематичен сигнал […]

Црна Гора нема да дозволува увоз на половни автомобили постари од 15 години

Во Црна Гора во 2024 година има драстично зголемување на увозот на половни возила, пред да почне да се применува одлуката за забрана за увоз на автомобили постари од 15 години, која треба да стапи на сила од 1 јули годинава. Во првите три месеци годинава се увезени 35 отсто повеќе возила во однос на […]

Пензионерите ќе можат да возат автобуси во Загреб

Претпријатието за јавен градски превоз во Загреб –ЗЕТ се соочува со недостиг од 100 до 150 возачи на автобуси. Затоа, градските власти се обидуваат да привлечат нови работници со зголемување на платите и на коефициентите за возачите. Но, се воведува и дополнителна мерка со продолжување на работниот однос за лицата со навршени 65 години и […]