Samsung се здружи со Дизни и Пиксар за да ја промовира новата линија Bespoke AI машини за перење во новото видео за кампањата што го слави објавувањето на анимираниот филм „Inside Out 2“

Новата соработка разиграно покажува како најновите функции на машините за перење на Samsung помагаат да се отстрани стресот од перењето “Inside Out 2” во кината на 14 јуни Перењето валкани алишта може да биде напорно – раздвојување на алиштата по боја, одделување на облеката за возрасни и деца, читање и толкување на етикетите за нега […]

Драматичен пад на продажбата на електрични автомобили во Германија

Статистичките податоци објавени во мај 2024 година покажуваат дека продажбата на електрични автомобили во Германија е намалена за 30,6 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година. Големиот пад на продажбата е предизвикан поради укинувањето на субвенциите за купување на електрични автомобили. Германската влада ги укина субвенциите на почетокот на годината. Од 236.425 нови […]

Романија ја зголемува минималната плата на 500 евра

Романија од 1 јули ќе ја зголеми бруто минималната плата од 3.300 леи на 3.700 (околу 744 евра), што значи дека нето минималната плата ќе надмине 500 евра. Владата во Букурешт го зголеми и износот за ослободување од данок и социјални придонеси од 200 на 300 леи за вработените со полно работно време и минимална […]

Кои се најголемите земји „производители“ на биткоини?

Во светот дневно се рудари по 450 биткоини за што се троши 384,5 kWh електрична енергија. На годишно ниво за ова „производство“ се трошат 140.336 GWh, што ја надминува годишната потрошувачка за електрична енергија во повеќето земји, како што се Украина, ОАР и Аргентина. Овие податоци произлегуваат од истражувањето на компанијата „Бестброкерс“ и во него […]

БЕА: Пораст на трговскиот дефицит на САД

Трговскиот дефицит на Соединетите Американски Држави во април годинава се зголеми на 74,6 милијарди долари во однос на март кога изнесуваше 68,6 милијарди долари, објави американското Биро за економски анализи (БЕА). Во април американскиот увоз пораснал за 8,7 отсто на 338,2 милијарди долари, пред се поради зголемениот увоз на патнички автомобили, компјутерска опрема, телекомуникациска опрема […]

ФАО: Цените на храната се највисоки во последните шест месеци

Цените на храната во светот во мај пораснаа и го достигнаа шестмесечното максимално ниво, соопшти Организацијата за храна и земјоделство во ОН (ФАО). Индексот на светските цени на прехранбените производи за мај се зголеми на 120,4 поени во споредба со април кога изнесуваше 119,3 поени, објави ФАО. Растот на цените на житарките и млечните производи […]

Бугарската економија со раст од 1,8 отсто, еврозоната со 0,3 отсто

Бугарската економија порасна за 1,8 отсто на годишно ниво во првиот квартал од 2024 година, објави денеска Бугарскиот национален институт за статистика (НСИ). На квартално ниво, бугарската економија порасна за 0,4 отсто во однос на четвртиот квартал од 2023 година. Потрошувачката на бугарските домаќинства во првиот квартал од 2024 година е зголемена за 3,7 отсто, […]

Инфлацијата во мај e 4,5%

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, изнесува 0.9 %. Зголемувањето на инфлацијата во мај 2024 година, во однос на април 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3.1 %, рекреација и култура за […]

Кина, Европа и САД со најголеми вложувања во чиста енергија

Глобалните вложувања во енергија во 2024 година ќе изнесуваат повеќе од три билиони долари, од нив два билиона ќе бидат инвестирани во обновливи извори на енергија, електрични возила, нуклеарна енергија, гориво со ниска емисија, подобрување на енергетската ефикасност или во топлотни пумпи, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Вложувањата во користењето […]

Викторија Глигорова од Народната банка: Банкарскиот систем во нашата земја и натаму е сидро на стабилноста

„И покрај периодот на продолжени последователни шокови од невидени размери, активностите на банкарскиот систем и натаму растат и тој е стабилен и во услови на силна капитална и ликвидносна позиција. Силната капитална позиција на банките, којашто постојано се подобрува, придонесува за највисока стапка на адекватност на капиталот од 2007 година наваму, до нивото од 18,1% […]