Исплатени 298 милиони денари дополнителни субвенции за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информираа земјоделците дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања за предадени градинарски култури во преработувачки капацитети. Кон околу 4.030 производители на градинарски култури исплатена е финансиска поддршка од близу 298 милиони евра. Како корисници на оваа поддршка се јавуваат земјоделски стопанства кои […]
Германските компании очекуваат високи профити од соработката со Индија
Индија нуди широки можности за соработка и за зголемување на економските активности со германските компaнии. Во анкетата која била спроведена во 85 ограноци на германските компании во Индија и од Германија, повеќе од 78 отсто очекуваат раст на продажбата, а 55 отсто повеќе профит во оваа фискална година, објави агенцијата ДПА. Индија е привлечна земја […]
Србија нарача студија за мирновременско користење на нуклеарна енергија
Министерството за рударство и енергетика на Србија објави тендер за изработка на прелиминарна техничка студија за мирновременско користење на нуклеарната енергија во земјата. За изработката на студијата се одобрени 14,2 милиони динари и таа треба да биде готова за 12 недели. Консултантската фирма која ќе биде избрана треба да спроведе истражување за различните достапни типови […]
Бугарија има најнизок БДП по жител во ЕУ
Бугарија има најнизок бруто домашен производ по глава на жител или 36 отсто под просекот на Европската Унија, потоа е Грција (33 отсто) и Летонија (29 отсто). Од земјите членки на ЕУ највисок БДП по глава на жител има Луксембург, објави Европската статистичка служба Евростат. Во Луксембург, според податоците за 2023 година, БДП по глава […]
Првата земја во Европската Унија почнува со копање на ураниум
Финска е првата земја во Европската Унија во која се експлоатира ураниум. Рударската компанија „Терафам“ соопшти дека почнале да копаат ураниум во рудникот на североистокот на земјата во местото Соткаму. Според плановите на компанијата, целосниот капацитет за експлоатација на ураниум ќе го постигнат до 2026 година, а вкупното годишно производство ќе изнесува 200 тони. Во […]
(ВИДЕО) Витаминка прва во Македонија се дигитализира со Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation
Витаминка е првата компанија во Македонија која во сите процеси, производство, набавка, магацини, продажба и финансии, го имплементира ЕРП решението од Microsoft – Dynamics 365 Finance and Operation. Со ова Витаминка е на пат кон целосна дигитализација на работата, од влез на суровина до излез на готов производ и нивно складирање. Инвестицијата во најновите технологии […]
ИМЛЕК ОАЗА – 100% посни напитоци од овес и бадем
Новите производи на Млекара АД Битола, Имлек Оаза, претставуваат алтернативни, посни напитоци од овес и бадем и се резултат на континуираното истражување, развој и стремење кон иновации, како и одговор на потребите на современиот потрошувач. Бимилк, после повеќе од 70 години постоење, првпат влегува во категоријата на растителни напитоци, кај народот познати како „билни млека“. […]
ЕУ предупредува на прекумерно буџетско трошење во Франција, Италија…
Од Европската Унија денеска се очекува да ги опомене 10 влади, вклучително и Франција и Италија, поради нивното прекумерно трошење откако новите буџетски правила стапија на сила оваа година. Ова ќе биде првпат Брисел да ги опоменува нациите откако ЕУ ги суспендираше правилата по пандемијата на Ковид во 2020 година и енергетската криза предизвикана од […]
Буџетот на ЕУ од 200 милијарди евра, 54 милијарди за земјоделска политика!
Европската комисија го усвои Предлог-буџетот на ЕУ за 2025 година, кој изнесува 199,7 милијарди евра, информира денеска извршниот потпретседател на ЕК задолжен за економија во интерес на луѓето, Валдис Домбровскис. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од вкупните средства во Буџетот на ЕУ за следната година, 2,2 милијарди евра се наменети за Инструментот […]
Грција формира стабилизациски фонд од продажба на државен имот
Грција планира да основа државен стабилизациски фонд со средствата собрани од продажбата на државен имот, кои ќе се вложуваат во инфраструктура, во зелени проекти и нови технологии, изјави министерот за финансии Костис Хатзидакис. Во фондот ќе се уплаќаат средствата од продажбата на имотот кој остана во државна сопственост по грчката должничка криза, кој се состои […]