Данска ќе ги оданочи одгледувачите на крави поради емисијата на штетните гасови

Одгледувачите на стока во Данска од 2030 година ќе плаќаат годишен данок од 672 круни (90 евра) по грло крава поради штетните емисии на гасови кои влијаат глобалното загревање и климатските промени. Коалициската влада во Данска неделава се согласи за воведување на светскиот данок за емисија на јаглерод во земјоделството. Оваа земја е голем извозник […]

Германија го олеснува стекнувањето германско државјанство

Во Германија од денеска стапува на сила новиот закон со кој се олеснува стекнувањето германско државјанство, јави ДПА. Реформата на законот за државјанство, која беше поттикната од германската владејачка трипартитна коалиција, му дава можност на лицето да стане германски државјанин, а во исто време да го задржи државјанството на земјата од која потекнува. Досега, зачувувањето […]

Цената на струјата во прв блок останува иста, во другите зголемувањето е од 0,85 до 1,92 отсто

Цените на електрична енергија за домаќинствата од 1 јули во прв блок останува иста, во втор блок има зголемување од 0,85 проценти, во трет блок од 1,92 проценти и во четвртиот блок ќе има зголемување од 1,88 проценти, додека евтината струја ќе се зголеми за 0,65 проценти, информира Регулаторната комисија за енергетика. Претседателот на РКЕ […]

Саудиска Арабија станува главен светски центар во градежништво

Саудиска Арабија ќе биде најголем светски пазар за градежништвото, затоа што земјата планира да вложи огромни средства во проекти за обновување и диверзификација на економијата. Се предвидува вкупната вредност на градежните активности во земјата до крајот на 2028 година да достигнат 181,5 милијарди американски долари, што е зголемување од 30 отсто во однос на 2023 […]

Унгарија го укинува задолжително намалување на цените на храната

Унгарија од 1 јули ќе ја укина одлуката за задолжително намалување на цените на основните животни продукти во малопродажбата, бидејќи инфлацијата во земјата е намалена, соопштија од Министерството за економија. Владата на премиерот Виктор Орбан ја донесе одлуката за замрзнување на цените во јуни минатата година, затоа што Унгарија се соочуваше со највисок раст на […]

Пазарот на недвижности во Албанија е најпривлечен за странските инвеститори

Недвижностите се секторот што привлекува најголем обем на странски инвестиции во албанската економија во првиот квартал од 2024 година, објави Централна банка на Албанија. Податоците на банката покажуваат дека инвестициите во албанскиот сектор за недвижности од нерезиденти во периодот јануари-март изнесуваат околу 84 милиони евра, што бележи раст од 71 отсто на годишно ниво. Инвестициите […]

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Денеска во Париз претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе настапи на Конференцијата која ја организира Организацијата за економска соработка и развој – OECD на високо ниво, во чиј фокус е градење перспектива за поттикнување на конкурентноста на Западен Балкан во 2024 година. Азески ќе учествува на првиот министерски панел, во дискусијата […]

ЕУ го истражува трошењето на средствата од ИПАРД за Албанија

Европската комисија соопшти дека престанала да ги исплатува надоместоците за потрошените средства за Албанија од јули 2023 година и ги прекина сите мерки во рамките на Инструментот за претпристапна помош во областа на руралниот развој (ИПАРД) , поради наводни неправилности во трошењето на средствата констатирани во истрагата која ја спроведува Европската служба против измами (ОЛАФ). […]

Претпријатијата во Црна Гора имаат висок процент на иновативност!

Во Црна Гора во периодот од 2020 до 2022 година 66,9 отсто од претпријатијата вовеле барем една од иновативните активности, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето кое е спроведено од Монстат, а се однесува на воведувањето на иновации на производот ( стоките и услугите), новини во деловниот процес или други иноватнивни активности. – Во набљудуваниот период […]

Со возбудлива вечер на иновации БАТ во Скопје го прослави лансирањето на уредот glo Hyper Pro

Синоќа Скопје беше центар на настани. Во индустрискиот амбиент на Лабораториум, а во друштво на многубројните гости, БАТ со стил ја прослави својата најнова иновација – уредот за загревање на тутун glo HYPER PRO. На тој начин, корисниците во Македонија се придружија на скоро девет милионите полнолетни корисници на glo ширум светот. Како што потврдија […]