Бројот на кравите во ЦГ намален за 10.000 грла, а земјоделскиот буџет зголемен за 42 отсто!

Во последните три години бројот на кравите молзници во Црна Гора е намален за 10.000 грла, а минатата година има намалување и на сточниот фонд на говедата, овците и свињите. Во 2020 година во ЦГ се евидентирани 54.173 крави, а минатата година нивниот број се намали на 45.594, Во истиот период бројот на овците е […]

Цените на храната во грчките супермаркети се намалени за два отсто

За 1,92 отсто во просек се намалиле цените на производите во супермаркетите во Грција во јуни годинава споредено со истиот месец лани, согласно резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за истражување на малопродажба на стоки за широка потрошувачка (ИЕЛКА), јави дописничката на МИА од Атина. Најголеми намалувања на цените биле регистрирани кај свежото овошје и […]

Централна банка на Албанија ја намали основната каматна стапка на 3 отсто

Централна банка на Албанија ја олабави монетарната политика, намалувајќи ја основната каматна стапка за 0,25 процентни поени за првпат од март 2022 година, објавија албанските медиуми. – Основната каматна стапка сега изнесува 3 отсто. Позитивните перформанси на економијата и падот на инфлацијата се главните причини за ваквата одлука. Достапните податоци сугерираат дека албанската економија продолжува […]

Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“ од S&P

Капитализацијата на групацијата се оценува како стабилна и на високо ниво според ажурираниот модел на капитал на S&P Агенцијата за кредитен рејтинг S&P Global Ratings (во натамошниот текст: S&P или агенцијата) го потврди кредитниот рејтинг на финансиска моќ и кредитниот рејтинг на издавач „А“ со стабилна среднорочна прогноза за Групација Триглав, а со тоа и […]

ЕЦБ е загрижена за заздравувањето на економијата во еврозоната

Европската централна банка (ЕЦБ) е загрижена околу економското заздравување на еврозоната, кое зависи од зголемувањето на приватната потрошувачка, но засега нема сигнали дека тоа ќе се случи во наредниот период. Ова е содржано во информацијата од јунскиот состанок на креаторите на европската монетарна политика. Некои членови на Управниот одбор на ЕЦБ предупредија дека достапните податоци […]

Продажбата на книги за економија е во пораст!

Продажбата на книги за економија и бизнис во последните 10 години бележи континуиран раст, а според податоците заклучно за 2021 година, го достигна десетгодишниот максимум. Во 2021 година се продадени речиси 80 милиони печатени книги од областа на бизнисот и економијата, што претставува раст над 10 отсто во однос на 2020 година. Од книгите за […]

Кина, Индија и САД влијаеле на растот на светската трговија

Глобалната трговија годинава ќе достигне 32.000 милијарди долари, доколку продолжат позитивните трендови во трговската размена од првиот квартал, кога вредноста на стоковната размена е зголемена за околу еден отсто во однос на претходниот квартал. Вредноста на размената со услуги пораснала за 1,5 отсто, соопшти Одделението на ОН за трговија и развој (УНКТАД) – Очекувањата се […]

ОСИГУРУВАЊЕТО ПОТТИКНУВА ЕКОНОМСКИ РАСТ
Осигурувањето носи раст на економијата, сигурност и финансиска стабилност!

Осигурувањето е исклучително важен фактор за развој на економијата и општествените текови во нашата земја. Осигурување од финансиски загуби, авто осигурување, имотно, здравствено, патничко, животно осигурување, речиси секој сегмент од нашето живеење и делување е поврзано со некој тип на осигурување. Замислете каков хаос би настанал ако немаме осигурување, и ако не можат да се […]

ТООП проценти 6,6% – Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките

Во тек е промотивниот период за аплицирање за кредитните платежни картички Visa Vita или Mastercard Credit Contactless на Халкбанк А.Д. Скопје. Во периодот од 01.05.2024 до 31.12.2024, сите нови Visa Vita или Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со промотивна каматна стапка од 6,6%. Поволностите на промотивниот период во однос на каматната стапка може […]

Инфлацијата во Турција се намали, храната поскапа за 71 отсто

Годишната стапка на инфлација во Турција во јуни 2024 година се намали на 71,6 отсто во однос на мајската инфлација од 75,45 отсто. Ова е прво намалување на меѓугодишно ниво во Турција по седум последователни месеци на раст на инфлацијата, објави Турскиот институт за статистика Туркстат. Цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција во […]