Годишен раст на зелените кредити од 26% во првиот квартал од 2024 година
Народната банка ги објави податоците за „зелените кредити“ за првиот квартал од 2024 година, каде што се забележува годишен раст од 26,37%. Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, „зелените кредити“ се зголемени за 2,8 пати. Зелените кредити се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки […]
До крајот на годината Србите ќе добиваат СМС предупредување за временски непогоди
До крајот на оваа година граѓаните на Србија ќе добиваат СМС предупредувања за невреме на ниво на оштина или дел од територијата. Според помошник директорот на српскиот хидрометеоролошки завод Горан Михајловиќ, СМС предупредувањата ќе бидат испратени преку „дефиниран систем за предупредување од катастрофи во наредниот период“. Михајловиќ додаде дека предупредувањето ќе биде дефинирано „на ниво […]
Фагерстром: Време е да се искорени лошата репутација на никотинот
Никотинот долго време беше на лош глас, што и не чуди, бидејќи е составен дел на цигарите, кои генерално се штетни. Но, никотинот како молекула сам по себе, не претставува никаков значаен здравствен ризик за луѓето, гласат зборовите на клиничкиот психолог и истражувач, Карл Фагерстром од Шведска. Фагерстром, како долгогодишен истражувач на тутунот и никотинот […]
Дигиталното подмладување е сѐ пореалистично во филмовите
Новиот филм со Том Хенкс, „Овде“ (Here) е сместен меѓу далечната иднина и далечното минато… Во режија на Роберт Земекис, филмот – адаптација на истоимениот графички роман на Ричард Мекгваер, скокнува низ историјата на една точка на Земјата, гледано низ илјадници години, а се сосредоточува на оние десетлетија кога областа била дом во сопственост на […]
Како новиот Galaxy Watch и сензорот BioActive ги прошируваат персонализираните и превентивните велнес решенија за уште повеќе корисници?
Samsung е лидер во дигиталните здравствени иновации, со цел да ја поедностави грижата за здравјето и благосостојбата преку обединување на увидите и метриките за да понуди поефективно и поедноставено велнес искуство. Овој пристап започнува со подобрување на пристапот до едноставно и прецизно следење на здравјето преку сензорот BioActive на Samsung, кој ви обезбедува пообемни, персонализирани […]
Архитектите презентираа инспиративни решенија за нов современ изглед на некогашниот бисер на охридската ривиера – хотелот Палас
Од 29-ти јуни до 5 јули, Охрид беше домаќин на учесниците на годинешната 11-та Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн, во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот „Американ Колеџ“ од Скопје, поддржана од Министерството за култура, Амбасадата на Република Полска и Општина Охрид. Предизвикот на кој работеа учесниците на годинешната школа […]
УЈП со опомена за присилна наплата од 4.767 должници на данокот на личен доход
Управата за јавни приходи денеска информира дека 4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данок на личен доход за 2023 година за која законскиот рок беше до 30 јуни. Во следниот период, како што денеска информираа од УЈП, ќе се премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие […]
Во Албанија пуштен за сообраќај тунелот Логара
Тунелот Логaра, еден од најголемите јавни проекти во Албанија, во јужниот дел од државата, што ги поврзува приморските градови Валона и Саранда, денеска е пуштен за сообраќај. Се наоѓа на околу 20 километри јужно од Валона, во должина е од 5,9 километри, во чија изградба вложени се 139,6 милиони евра, а кој според албански медиуми, […]
ЕК воведе привремени компензациски царини за увоз на кинески електромобили (ДПЛ)
Девет месеци по започнувањето на својата истрага по службена должност за субвенционирањето на производството на електрични возила во Кина, Европската комисија денеска донесе одлука за воведување „привремени компензациски царини“ за увоз на кинески електромобили. Ваквата одлука е донесена врз основа на заклучокот од истрагата дека производството на електрични возила во Кина е поддржано од нефер […]
Поскапи угостителски услуги: домашните јадења за 15 отсто, ноќевањата за 11 отсто, скарата за 2,3 отсто
Индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 4,9 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јуни 2024 година, во споредба со мај 2024 година, е зголемен за 0,2 отсто. Споредено по групи на […]