Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки
Од денеска 15 јули, НЛБ Банка воведува нова, промотивна понуда за депозити за физички лица со атрактивни каматни стапки за штедни влогови во денари и во евра. Дизајнирана за сите оние кои сакаат да го максимизираат растот на своитесредства, промотивната понуда на НЛБ Банка нуди конкурентни каматни стапки и сигурност на штедните влогови. Промоцијата која […]
Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Ваквата согласност се дава согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите, поради зголемена опасност и превенирање од појава на шумски пожари на отворен простор. Целосната забрана за […]
Отворени се пријавувањата за трката Халк Вело Грин, која ќе се одржи на 8. септември во Маврово
Сите љубители на велосипедизмот и природата, од најмлади до најискусни, рекреативци или професионалци, и оваа година на 8. септември во Маврово ќе може да учествуваат и да се забавуваат на традиционалната вело трка на Халкбанк – Halk Velo Green. Пријавувањето за петтoто издание на хронометар велосипедската трка со должина од 22 км е веќе започнато […]
ТАВ Аеродроми: Скопскиот аеродром го пречека првиот лет на авиокомпанијата AJet од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул
Првиот лет од аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул на кој сообраќа авиокомпанијата AJet пристигна на Меѓународниот Аеродром Скопје Меѓународниот Aеродром Скопје, денес, 13-ти јули, во 13:00 часот, ги пречека патниците од првиот лет на AJet, турска нискобуџетна авиокомпанија, подружница на Turkish Airlines, која сообраќа на домашни летови и меѓународни летови до Северен Кипар, Западна Европа […]
Д-р Георгиева Јовевска една од годинешните “НАЈУСПЕШНИ ЖЕНИ МЕНАЏЕРКИ” оствари средба со претседателката на државава Гордана Сиљановска Давкова
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова на 13.07.2024 година во “Вила Билјана” во Охрид, оствари средба со наградените од страна на агенцијата “Марили” жени претприемачки за 2024 година, настан кој во нашата земја традиционално секоја година ги истакнува најуспешните жени. На средбата со претседателката Сиљановска Давкова, д-р Јелисавета Георгиевa Јовевска, потпретседателка на Стопанската […]
ФИЛОЗОФИЈА: Витгенштајн и Толстој
Лудвиг Витгенштајн (1889 − 1951), еден од највлијателните филозофи на 20 век (под негово влијание се формирале т.н. Виенски круг, Оксфордски, Варшавски), за време на својот живот сменил неколку професии и проучил неколку научни области: од математика, аеронаутика, музика, педагогија, медицина, градинарство, архитектура до филозофија. Студирал на Универзитетот Кембриџ и бил еден од најталентираните студенти […]
КНИГА ШТО ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ: „Черчил: Моќта на зборовите“
Првично бев фасциниран од портретот на Винстон Черчил во филмот „Најтемниот час“. Во неговиот воен говор од 1940 година, кој е познат и како „Никогаш нема да се предадеме“, доаѓа до израз Черчиловата елоквенција, инспирација и историска сигнификантност. Говорот завршува со овации, а во заднина неговиот претходник, Невил Чемберлен, го прашува лордот Халифакс, кој требаше […]
ФИЛМ: АНАТОМИЈА НА ПАДОТ
„Понекогаш парот е еден вид хаос и сите се изгубени. Понекогаш се бориме заедно, понекогаш се бориме сами. Понекогаш се бориме еден против друг, се случува.“ „Анатомија на падот“ (Anatomie d‘une chute, 2023) e четвртoто долгометражно остварување на Жастин Трие (Justine Triet), триумфална кулминација на 10-годишен период во кој француската режисерка се етаблира како една […]
МВР: Лажна кампања на платформи за тргување со крипто валути, граѓаните да не отвораат сомнителни линкови
Секторот за Компјутерски криминал алармира за зачестена појава каде што непознати лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до веб страни и сервиси преку која се ветува лесна заработка со тргување на лажни берзи за криптовалути.Кампањата започнува со објави на Фејсбук и Инстаграм кои се прикажани […]
Finance Think: Повеќе од петина од сработената работа не е пријавена
Неформалните работници во Северна Македонија сочинуват 11.8% од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи […]