Германија бележи значителен пад на извозот во земјите надвор од ЕУ

Вредноста на германскиот извоз во земјите надвор од Европската Унија во јуни годинава изнесува 58 милијарди евра, што е за 4,5 отсто помалку во однос на истиот месец лани. Намалувањето на извозот во однос на мај годинава изнесува 2,6 отсто, објави Сојузниот завод за статистика Дестатис. Најважен трговски партнер на Германија во јуни беше САД […]

Голем раст на слободните работни места во Полска, која има пониска невработеност од ЕУ

Стапката на невработеност во Полска во јуни годинава е намалена на 4,9 отсто, а претходниот месец таа изнесуваше 5 отсто. Бројот на регистрирани невработени лица во Полска во јуни, на месечно ниво, се намали за 15.000 и изнесува вкупно 762.000 лица. Истовремено, бројот на слободни работни места во земјата се зголеми од 4.400 на 69.400. […]

За пет месеци бројот на гости во Грција e зголемен за над еден милион

Во периодот од јануари до мај 2024 година Грција ја посетиле 6.943.900 туристи, бројка за 20,6 отсто повисока, односно над еден милион посетители повеќе споредбено со првите пет месеци минатата година, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Со зголемувањето на бројот на туристи, зголемени се и приходите за 16,2 […]

До 2027 година Србија ќе ја реконструира целосно железничката мрежа

До 2027 година во Србија ќе биде обновена целосно постојната железничка мрежа, а во последните десет години се изградени 108 километри нова брза пруга и реконструирани се илјада километри од постојната железничка мрежа. За три години треба да бидат обновени уште две илјади километри пруга, изјави денеска Јелена Танасковиќ, в.д. генерален директор на претпријатието „Инфраструктура […]

Европа поседува доволно земјиште за обновливите извори на енергија

Европа има доволно земја за одржливо ширење на обвновливите извори на енергија без да го загрози производството на храна или природата, се посочува во најновата анализа на Европската канцеларија за околина (ЕЕБ). Според истражувањето, декарбонизацијата на Европската Унија до 2040 година опфаќа само половина од земјиштето кое одговара за обновливи извори на енергија. Од ЕЕБ […]

УЈП: Продавачите на крофни, пуканки и цедeни сокови на летните саеми да поднесат барање за паушално плаќање на данок на личен доход

Продавачите кои прoдаваат крофни, пуканки, цедени сокови и други производи на било каква и да е манифестација се должни пред отпочнување на дејноста да поднесат Барање за паушално плаќање на данокот на личен доход во Управата за јавни приходи (УЈП). Маре Данкова, виш даночен референт во регионална подружница во Штип на УЈП истакна дека на […]

Автоиндустријата во ЕУ минатата година оствари раст од 20 отсто

Индустриското производство во Европската Унија минатата година е намалено за 1,2 отсто во однос на 2022 година, соопшти Еуростат. Статистичката агенција на ЕУ објави дека номиналниот износ на индустриското производство во ЕУ минатата година изнесува 5.992 милијарди евра. Најголем раст во продажбата забележа автоиндустријата и тоа за 20 отсто, односно од 776 милијарди на 934 […]

Стопанска комора одбележува 102 години од своето постоење

Стопанската комора на Северна Македонија оваа година одбележува 102 години од своето постоење. По тој повод на 25 јули (четврток) со почеток во 12 часот во просториите на Комората, сала 4 на 5-ти кат, ќе се одржи настан на кој ќе бидат доделени награди во три категории: – Награда за долгогодишна коморска активност; – Награда […]

Народна банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 6,30 отсто

Тековната поставеност на монетарната политика е соодветна на условите во економијата, a со тоа, каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 6,30%, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена на нивоата од 4,20% и 4,25%, соодветно, информираат од Народна банка на Македонија по одржувањето на вчерашната редовна седница на […]

Дали никотинот може да има улога во намалувањето на штетите од тутунот?

Во минатото, никотинот, тутунот и пушењето беа термини што се однесуваа на истото: цигари и други производи што го согоруваат тутунот. Денес, тоа повеќе не е случај благодарение на технолошките иновации и континуираните научни истражувања во областа на намалување на штетите од тутунот. Сепак, и покрај овој напредок, сè уште има многу погрешни перцепции за […]