Економија и бизнис | 15 август 2024г.
Во бројот од 15 август 2024 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.
ЈАПОНСКАТА ЕКОНОМИЈА ОСТВАРИ (НЕ)ОЧЕКУВАН РАСТ, зајакна и јапонскиот јен во однос на доларот
Јапонскиот бруто домашен производ во второто тромсесечие порасна за 0,8 отсто и ги надмина очекувањата на аналитичарите кои ги анкетираше „Ројтерс“, а кои проценува раст на јапонската економија од 0,5 отсто. Во првото тромесечие годинава економијата на Јапонија забележа пад од 0,6 отсто. На годишно ниво БДП се намалува второ тромесечие по ред за 0,8 […]
БИСЛИМОСКИ: ИМАМЕ ИСТОРИСКИ НАЈНИЗОК УВОЗ НА СТРУЈА, од јануари до јули издадени лиценци за обновливи извори со моќност од 179,72 мегавати
Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 мегавати, покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според претседателот на РКЕ Марко Бислимоски, пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто […]
ПЕТ ГОДИНИ ПО БРЕГЗИТ БРИТАНЦИТЕ САКААТ НАЗАД ВО ЕУ, 55 отсто од Британците сметаат дека одлуката за напуштање на Унијата е погрешна
Повеќе од половина од граѓаните на Велика Британија би гласале за повторно пристапување во ЕУ доколку се одржи нов референдум, покажа националното истражување. Анкетата доаѓа осум години откако гласањето за Брегзит доведе до излегување на Британија од блокот. Според истражувањето, во кое беа опфатени повеќе од 2.000 британски граѓани на крајот на минатиот месец, дури […]
ГРЧКОТО И БУГАРСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО НАЈМНОГУ КОРИСТАТ ОД ЕУ ФОНДОВИТЕ, целта на Кохезиониот фонд е да поттикне рамномерен развој на земјите
Хрватска и Грција минатата година беа најголеми корисници на средства од фондовите за спроведување на кохезиската и заедничката земјоделска политика на Европската Унија. Хрватска беше најголемиот нето-примател на пари од кохезиониот фонд и износот беше 2,45 отсто од нејзиниот БДП. Следува Словачка со 2,06 отсто, Унгарија со 1,77 отсто, Летонија со 1,76 отсто и Бугарија […]
ГОЛЕМИ ИГРАЧИ ВО НАУЧНИ ИСТРАЖУВАЊА СЕ САД И ИЗРАЕЛ, но не заостануваат и други високоразвиени земји
Соединетите Американски Држави со 210 милијарди долари имаат најголеми издвојувања за научни истражувања во светот, според апсолутни износи. Но, споредено со учеството во БДП издвојувањето во науката во САД се околу 0,82 отсто. На овој износ треба да се додадат и вложувањата во компаниите. Вкупните американски вложувања во научниот развој во САД во 2022 година […]
ИЗБРАНИ НОВИ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДМОР ВО ЕСМ, одлуката е донесена од Владата во содејство со собрание на акционери
Електрани на Северна Македонија до Македонската берза достави известување за избор на нови членови во Надзорниот одбор. За членови се избрани – Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и професорот од Машинскиот факултет Стевче Антовски. Независни членови на одборот се Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет Маја Аначкова. Како што е соопштено, […]
ПОДЕЛЕНИ 967 ДОГОВОРИ ЗА ЗАКУП НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ЗЕМЈИШТЕ, договорите се за доделување на 2700 хектари државна земја
Денеска во општина Свети Николе беа додели 84 договори за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површина од околу 250 хектари, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. По четири јавни повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини дo три хектари, склучени се вкупно 967 […]
ЕУ ГО ПОМИНА „ЕНЕРГЕТСКИОТ ПРАГ“ ЗА ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА, повеќе енергија од сонце и ветер, отколку од фосилни горива
Од 27 членки на Европската Унија 13 произведуваат повеќе електрична енергија од ветер и сонце отколку од користење на фосилни горива. Меѓу нив се Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Луксембург, Португалија, Шпанија, Холандија и Шведска, кои заедно учествуваат со 70 отсто од вкупната потрошувачка за електрична енергија во ЕУ. Во првите шест […]
НАШИТЕ ГРАДЕЖНИЦИ СО ЗГОЛЕМЕНА РАБОТА ВО БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА, А СО НАМАЛУВАЊЕ ВО ГЕРМАНИЈА И СРБИЈА, вредноста на договорените работи повисока за 4,4 отсто
Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари – јуни 2024 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 199 737 илјади денари, што е за 4.4 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна […]