Мицкоски со претставници на нафтената индустрија: Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола

Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија во државата со кои разговарал за актуелната состојба со нафтените деривати. -Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток […]
АМЕРИКАНСКИТЕ АКЦИИ ЗАБЕЛЕЖАА НАМАЛУВАЊЕ НА ВРЕДНОСТА, инвеститорите се внимателни по војната во Иран

Акциите на американските компании забележаа пад на вредноста на вчерашното тргување, бидејќи војната меѓу САД и Иран влијаеше врз инвеститорите. Индексот Dow Jones Industrial Average изгуби 301 поен, или 0,6%. S&P 500 падна за 0,8%, додека Nasdaq Composite изгуби 0,9%. На своите дневни минимуми, S&P 500 изгуби 2,5%, а Nasdaq падна за околу 2,7%. Dow, […]
Околу една третина од жените во ЕУ доживуваат насилство во животот

Околу една третина од жените во Европската Унија доживуваат физичко и сексуално насилство во текот на животот, но во повеќето случаи жртвите не го пријавуваат, според студија објавена денеска. Резултатите од анкетата, спроведена од Агенцијата на ЕУ за фундаментални права (АФР) и Европскиот институт за родова еднаквост, покажуваат дека само 11,3% од жените пријавиле физичко […]
МАКЕДОНИЈА СО НАЈНИСКА ДНЕВНА КОНСУМАЦИЈА НА ОВОШЈЕ ВО ЕВРОПСКИОТ РЕГИОН, 31,2 проценти од децата во земјава имаат зголемена телесна тежина, а 13,7 отсто од нив живеат со дебелина

Наодите од студијата на Европска иницијатива за следење на дебелината кај децата (COSI) покажуваат сериозни предизвици поврзани со исхраната и телесната тежина кај децата од 6 до 9 – годишна возраст во Северна Македонија, информираа денеска од Институтот за јавно здравје на Светскиот ден на дебелината. Од Институтот наведоа дека 31,2 проценти од децата имаат […]
НА ГЕРМАНИЈА И НЕДОСТАСУВААТ 200.000 ЗАНАЕТЧИИ

Германскиот занаетчиски сектор во моментов се соочува со сериозни предизвици и недостасуваат околу 200.000 квалификувани работници. Според податоците од Федералната агенција за вработување, на крајот на декември, во занаетчиската индустрија во Германија биле пријавени 119.565 отворени работни места. Сепак, бидејќи многу компании не ги пријавуваат сите слободни работни места во службите за вработување, Централното здружение […]
Невработеноста во јануари во Европа изнесуваше 6,1 процент, а во ЕУ 5,8 проценти

Во еврозоната сезонски прилагодената стапка на невработеност во јануари изнесуваше 6,1 процент, објави денеска Евростат. Тоа, како што наведува Евростат, е намалување во однос на 6,2 проценти во декември 2025 година и 6,3 проценти во јануари годинава. Стапката на невработеност во Европската Унија изнесуваше 5,8 проценти во јануари годинава, што е помалку од декември 2025 […]
Почнува „Круг на поддршка“ – едукативна кампања за ризиците од прекумерната тежина и дебелината

По повод 4 март, Светскиот ден на дебелината, научното здружение за обезност, ОБЕМ, го означи почетокот на едукативната кампања „Круг на поддршка – за тежината да стане полесна“. Состојбата со прекумерната тежина и со обезноста во Северна Македонија е алармантна. Државата е во категоријата на земји со високи стапки на предвремена смртност од незаразни болести, […]
ИТАЛИЈА ЌЕ ГИ АКТИВИРА ЕЛЕКТРАНИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО СЛУЧАЈ НА КРИЗА

Италијанскиот министер за енергетика, Гилберто Пикето Фратин, денес изјави дека земјата би можела да реактивира некои електрани на јаглен доколку конфликтот на Блискиот Исток ескалира во сериозна енергетска криза. „Имаме електрани на јаглен кои не би сакал да ги реактивирам, но тие се таму како резерва за да ја заштитат нашата земја“, рече министерот Фратин. […]
Линеарното зголемување на пензиите не е неуставно, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска соопшти дека ја запира постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што престанува преиспитувањето на линеарното зголемување на пензиите. Како што информираа оттаму предлогот не добил мнозинство и актот останува во правниот поредок. – Во сила останува линеарното […]
Перински: Старт на нов Интеррег проект „Зелено за добро“
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, имаше обраќање во Струмица на првата прес-конференција на проектот „Зелено за добро“, кофинансиран од Европската Унија и националните фондови на земјите учеснички преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка со Грција 2021–2027. „Особено ми е драго што повторно за релативно краток период зборуваме за проект кој директно придонесува за […]