Состојбата со пожарот во атарот на село Лознани, Општина Могила е алармантна. Огнот се спушти до првите куќи. Линијата на огнот е долга со километри и во гаснењето на терен учествуваат битолските пожарникари, а активирани се и тимовите за брз одговор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов во видео од терен информира дека благодарение на битолските пожарникари и неколку селани е спречена голема катастрофа.
-Опасноста продолжува, од другата страна, од другиот рид, огнор се спушта повторно. Таму има друга екипа од битолските пожарникари. Постои опасност огнот од задната страна да загрози друго село, но верувам дека што се однесуав до ова село, се ќе биде во ред – информираше Ангелов.
Извор МИА
Фото Економија и бизнис








