Бизнис

ОГРАНИЧУВАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ВО СРБИЈА ПРОДОЛЖЕНО ЗА 60 ДЕНА

Владата на Србија ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати, со која се пропишува методот за утврдување на највисоките малопродажни цени за евродизел и бензинот евро премиум БМБ 95. Оваа уредба стапи на сила денес и ќе важи во следните 60 дена.

Во уредбата се наведува дека највисоката малопродажна цена со данок на додадена вредност се утврдува за евродизел и бензинот БМБ 95 врз основа на просечната големопродажна цена на тие деривати на територијата на Србија зголемена за 20 динари по литар.

За евродизелот наменет за регистрирани земјоделски фарми, највисоката малопродажна цена со данок на додадена вредност е утврдена на 179 динари по литар.

Во уредбата, исто така, се наведува дека не е дозволено да се пресметуваат други такси или други трошоци што не се пропишани со оваа уредба или други посебни прописи за највисоката малопродажна цена на овие нафтени деривати.

Нафтената индустрија на Србија (НИС) е должна да продава евродизел по максимална малопродажна цена од 179 динари за литар, до максимум 100 литри на хектар, за површини регистрирани во Регистарот на земјоделски фарми до 100 хектари, користејќи картички издадени на регистрирани фарми, пренесува Еуроњуз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано