Финансии / Банкарство

ВРЕДНОСТА НА ЗЛАТОТО Е СО ПОГОЛЕМ РАСТ ОД ВРЕДНОСТА НА АКЦИИТЕ

Минатата година една унца злато вредеше 2.800 долари, сега е малку под 5.000 долари, или речиси 80 проценти повеќе.

Поради високиот раст на вредноста на златото во последните години, долгорочната профитабилност на златото е огромна.  Доколку се  спореди движењето на цените на златото од крајот на јануари 2001 година со вредноста на индексот  S&P 500 во овој 25-годишен период, произлегува дека златото има просечен годишен раст од 12,5 проценти, додека најважните американски акции имаат просек од седум проценти.

Вредноста на златото има поголем раст од  индексот S&P 500  од јули минатата година, што е најдолгата низа од финансиската криза во 2008 година, пренесува Сеебиз.


Фото Економија и бизнис

 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано