Вести
МАКЕДОНСКИТЕ ПЕЧАЛБАРИ СЕ ВРАЌААТ ПРЕД НОВА ГОДИНА, на ГП Табановце влегле над 36.000 македонски државјани
23.12.2025
Почнаа да се враќаат македонските државјани кои се на привремена работа во странство за празниците. И податоците на МВР покажуваат дека на граничниот премин Табановце викендов влегле над 36 илјади македонски државјани.
- На граничниот премин Табановце од 20.12.2025 (петок) од 10:00 часот до 22.12.2025 (понеделник) до 10:00 часот влез во државата оствариле 36.316 македонски државјани, а излез оствариле 6.892 македонски државјани. Што се однесува до странските државјани во истиот период влез во нашата држава оствариле 16.084 лица а ја напуштиле нашата држава 7.720 лица, соопштија од МВР.
Од страна на МВР се преземаат сите мерки и во функција се ставени сите човечки и технички капацитети за да се забрза протокот на патници, со спроведување на задолжителните гранични проверки.
Фото Економија и бизнис