Бизнис
ХРВАТИТЕ РАБОТАТ И ДОПОЛНИТЕЛНИ РАБОТИ ЗА ДА ГО ПРЕЖИВЕАТ МЕСЕЦОТ, околу половина милион луѓе заработуваат помалку од 1.000 евра
23.11.2025
За да врзат крај со крај, еден од пет Хрвати работи на две работни места, покажува најновото истражување. Еден од тројца работници, околу половина милион луѓе во Хрватска, заработуваат помалку од 1.000 евра месечно
Просечната плата за септември, изнесува 1.456 евра. Тоа е десет евра повеќе од претходниот месец и 134 евра повеќе од пред една година. На годишно ниво, платите се зголемија за околу десет проценти.Медијалната плата
порасна побрзо од просекот, околу 12 проценти, достигнувајќи 1.260 евра. Токму на овој износ половина од вработените кои заработуваат помалку се одвојуваат од оние кои заработуваат повеќе. Најниско платената група работници заработува до 823 евра. Секој трет работник вработен кај правни лица, или околу половина милион луѓе, заработува помалку од илјада евра нето месечно.
Поради инфлацијата, високите трошоци за живот и киријата, многу Хрвати работат дополнителна работа.
„Најчесто, тоа се луѓе чии приходи се околу илјада евра или малку над тоа. Значи, во денешно време кога трошоците за живот значително растат, таа плата едноставно повеќе не ни е доволна. Дури и да имаме домаќинство каде што работат двајца луѓе, две такви плати се недоволни за достоинствен живот“, истакнува Ален Мрвац од порталот „Мој Посао“.
Работодавачите се согласуваат дека просекот повеќе не е доволен, и велат дека повремената работа со скратено работно време се покажала како погодна и корисна за нив. „Имаме шест или седум вработени со полно работно време, а покрај тоа, имаме и шест или седум, а понекогаш и 10 вработени со скратено работно време во добри сезони. Ако се погледне фактот дека луѓето имаат просечна нето плата од околу 1.500 евра, на секого му е потребна уште една третина“, вели Лана Шиљег, сопственичка на училиште за странски јазици и потпретседателка на здружението „Глас подузетника“, објави Данас.хр.
Фото Економија и бизнис