Бизнис
ТРАМП ПОПУШТА ПРЕД СТРАВОТ ОД ИНФЛАЦИЈА, намалување царините за увоз на повеќе прехранбени производи
15.11.2025
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ослободи од даноци одредени прехранбени производи, вклучувајќи говедско месо, кафе и банани, објави CBS.
Според нацрт-регулативата, новото ослободување опфаќа голем број тропски производи кои често се увезуваат во САД, вклучувајќи кафе, чај, банани, манго, авокадо, кокос, ананас, зачини, говедско месо, портокали и домати.
Белата куќа објави дека Трамп одлучил да ги ослободи производите бидејќи постигнал „значаен напредок“ во преговорите за трговски договори со други земји.
Американскиот претседател објави рамковни трговски договори со четири латиноамерикански земји - Аргентина, Гватемала, Ел Салвадор и Еквадор, кои вклучуваат концесии за храна кои не се произведуваат во големи количини во Соединетите Американски Држави.
Прехранбените производи повеќе нема да бидат опфатени со „реципрочните“ царини што Трамп ги воведе за повеќето трговски партнери на САД, кои се движеа од 10 до 40 проценти и повеќе.
„Ние не ги произведуваме тука, па затоа нема потреба да се заштитува домашната индустрија или прехранбените производи“, рече Трамп, пренесува Телеграф.