Бизнис
ПАД НА ЕВРОПСКИТЕ БЕРЗИ ПОРАДИ НЕИЗВЕСНОСТА ВО ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА?
15.11.2025
Акциите на европските берзи го завршија вчерашното тргување со значителен пад, првенствено поради несигурната доверба на инвеститорите во перспективата на раст на вредноста на компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција.
Паневропскиот STOXX 600 го заврши тргувањето во минус за повеќе од 1,0 проценти, а Stoxx Technology за 1,4 проценти, што следеше по загубите на американскиот берза од претходниот ден кога акциите на големите технолошки компании драстично паднаа, објави CNBC.
Францускиот CAC 40 падна за 0,8 проценти, Франкфуртската берза DAX за околу 0,7 проценти, италијанскиот FTSE MIB за 1,7 проценти, а лондонскиот FTSE 100 за околу 1,1 процент.
Кога станува збор за поединечни европски компании, падот го предводеа технолошките компании, првенствено германскиот Infineon, со минус од 1,6 проценти, холандскиот BE Semiconductor (1,8 проценти) и особено SAP (3,2 проценти), пренесува Еуроњуз.
Фото Економија и бизнис