Бизнис

Објавен повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“

Клубот на одговорни бизниси на Конект во партнерство со Министерството за економија и труд на Република Северна Македонија објави повик за аплицирање за наградите „Предводници на одржливиот развој“, кои имаат за цел да ги истакнат најдобрите практики и иновации на компаниите во Северна Македонија. Наградите се национално признание за најдобрите практики и иновации коишто прават значајни чекори кон одржлив развој создавајќи подобро општество и ги истакнуваат и одликуваат компаниите кои преку конкретни иницијативи и проекти прават значајни чекори кон одржлив развој, општествена одговорност, ESG и позитивна трансформација на заедницата.

Награди се доделуваат во категории:

  • - Награда за климатска акција и зачувување на природата
  • - Награда Партнерства за одржлив развој
  • - Награда Бизнис и човекови права
  • -  Награда Добри соседи
  • - Награда за благосостојба на вработените
  • - Награда за придонес кон квалитетното образование и искоренување на сиромаштијата
  • - Награда за одговорен производ или услуга
  • - Повелба Горан Лазаревски за заслуги кон одржливиот развој

Сите детали за процесот на аплицирање, формулари за аплицирање, како и дополнителни информации за повикот се достапни на веб страната на Конект на <<македонски>> и <<албански>> јазик.

Рок за аплицирање:

  • - Апликации за наградите се примаат најдоцна до 28 ноември 2025 година.
  • - Учеството е бесплатно, а една компанија може да аплицира во повеќе категории.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано